Мис Елен Стон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситно средување
с linkovi do planinite
Ред 1:
'''Елен М. Стон''' (англ. ''Ellen M. Stone'') попозната како '''Мис Стон''' била [[протестантство|протестантска]] американската мисионерка која патувала низ Македонија со придружба од петнаесетина луѓе во 1901. година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на [[Јане Сандански]] на 3 септември 1901 година помеѓу [[Разлог]] и [[Џумаја]], [[Пиринска Македонија]].
 
Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од Турците на [[Малешевските Планини]] и на [[Пирин|Пирин Планина]], во Пиринска Македонија. Биле ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје.<ref>Carpenter, Teresa, "The Miss Stone Affair", Simon and Schuster, 2003</ref> Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.
 
Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во [[Ратево]], беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=F4E74425504DFA4F977AED75A116AF9F&arc=1 Дневник 31.1.2009.: Се распаѓа споменот за Мис Стон]</ref>