Мис Елен Стон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова стр.
 
с nova ref.
Ред 1:
'''Елен М. Стон''' (англ. ''HelenEllen M. Stone'') попозната како '''Мис Стон''' била [[протестантство|протестантска]] американската мисионерка која патувала низ Македонија со придружба од петнаесетина луѓе во 1901. година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на [[Јане Сандански]] на 3 септември 1901 година помеѓу [[Разлог]] и [[Џумаја]], [[Пиринска Македонија]].
 
Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од Турците на Малешевските Планини и на Пирин Планина, во Пиринска Македонија. Биле ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје.<ref>Carpenter, Teresa, "The Miss Stone Affair", Simon and Schuster, 2003</ref> Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.
 
Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во [[Ратево]], беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД и' се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/default-mk.asp?ItemID=F4E74425504DFA4F977AED75A116AF9F&arc=1 Дневник 31.1.2009.: Се распаѓа споменот за Мис Стон]</ref>