Бета-распад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Правописна исправка
с →‎top: Јазично подобрување, replaced: радијацијата → зрачењето (2)
Ред 13:
Овие две реакции се одвиваат бидејќи се доследни на законите за зачувување. Прво се запазува полнежот така што кога неутрална честичка (неутрон) станува позитивен протон се произведува и негативна честичка (електрон) за да вкупниот полнеж повторно биде неутрален. А неутриното/антинеутриното се создава со цел да се зачуваат лептонските броеви.
 
Треба да се потенцира дека ни електронот ни позитронот емитувани при бета распаѓањето не постојат во јадрото пред распаѓањето. Овие честички се создаваат со претворање на енергијата во маса на мирување. Гледано од овој агол, бета радијацијатазрачењето е сосема поразлична од алфа радијацијатазрачењето при која емитираната алфа честичка и претходно постоела во јадрото. Всушност може да се каже дека бета распаѓањето повеќе наликува на емисијата на [[фотон]]и при преминот на „возбуден“ атом од повисоко на пониско енергетско ниво. Сепак, постои голема разлика помеѓу емисијата на фотони и бета распаѓањето - интеракцијата при создавањето на фотони е електромагнетна. Но бидејќи неутронот е неутрален, овде електомагнетната сила не е присутна. Всушност доколку електромагнетната сила дејствува би требало да очекуваме да се случи обратното – протонот и електронот да се спојат во еден неутрон бидејќи спротивните полнежи се привлекуваат. Затоа за да се опише бета распаѓањето е воведена нова сила која мора да биде многу слаба на нуклеарната скала. Таа е наречена слаба нуклеарна сила.
 
== Историја ==