Месна мрежа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Мрежни протоколи: Правописна исправка, replaced: IP адрес → IP-адрес (2)
Ред 66:
Ефикасната комуникација преку мрежата бара поддршка од оперативниот систем, па во современите системи се вградени мрежни слоеви (network layer) кои опфаќаат еден или повеќе мрежни протколи. Во почетокот секој производител на оперативен систем наметнувал свои стандарди, во овој случај протоколи, но многу од нив со тек на времето прифаќале и туѓи, а дел станале стандардни. Пред повеќе од 10 години, компјутерите со системи од Microsoft, користеле Novell мрежен подсистем; и Microsoft ги востановил своите мрежни протоколи, а развојот на Интернет го донесува, денес најраспространетиот протокол - TCP/IP. Во случајот на Microsoft, почетокот на вмрежување е поврзан со мрежно проширување на BIOS-от на компјутерите со NetBIOS; се работи за едноставен збир од наредби кој обезбедувал само најосновна поддршка за вмрежување. Набрзо бил проширен со кориснички интерфејс, кога го добива името NetBEUI (NetBIOS Extended User Interface) и тогаш постанува вистински мрежен протокол. Се наоѓа на сите современи верзии на Windows и е многу едноставен: за идентификација го користи името на компјутерот и не треба посебно да се конфигурира. Постигнува добри перформанси во комуникацијата, но има неколку ограничувања, од кои најважно е тоа што е употреблив само во локални мрежи- каков било излез надвор од месна мрежа е невозможен со овој протокол. Од времето на доминацијата на Novell, денес опстанал IPX/SPX протоколот. Помоќен е од NetBEUI и дозволува спојување на повеќе сегменти на мрежата, но бидејќи редовно ги проверува патиштата во мрежата и тој сам „произведува“ значителен сообраќај па е малку поспор. И тој е поддржан во сите нови Windows-и, а значаен поради тоа што овозможува едноставна комуникација со мрежите кои работат под Novell; освен тоа го користат управувачките програми за одделни мрежни печатачи.
 
Денес најголемо значење има TCP/IP протколот. За неговите можности најдобро зборува податокот што преку Интернет поврзува милиони компјутери со различни оперативни системи. Во суштина се работи за збир на обединети протоколи, првенствено развиени за воени цели, за мрежата Arpanet. Овој збир на протоколи ги поддржува сите операции поврзани со мрежната комуникација и покрај сложеноста, со него се постигнуваат добри перформанси. TCP/IP има една особина која е непријатна за почетници: Бара подесување на неколку параметри и ретко простува грешки. За среќа, поголемиот дел од тие параметри може да се подесат „однадвор“, па многу опслужувачи на Интернет услуги ќе ги постават вредностите кои одговараат, обврската на корисникот е само да им го овозможи тоа. Кај локалните мрежи пак, доколку постои DHCP (Dynamic Host Configuration Protocol) опслужувач во нив, тој скоро се сам ќе подеси, а во спротивно мора на секој компјутер рачно да му се додели единствена IP -адреса и да се постави мрежна маска која го контролира пристапот до мрежата. Доколку мрежата е поврзана со некоја друга мрежа треба да се наведе и IP -адресата на мрежниот премин (gateway), а во некои сличаи адресите на опслужувачот на имиња.
 
{{Нормативна контрола}}