Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: пубичн → срамн
Ред 162:
Според историчарот на Универзитетот Принстон, Џ.И. Зајгел, во доцните тинејџерски години Маркс можеби имал пневмонија или плевритис, чии последици довеле до тоа тој да биде ослободен од воена служба во Прусија. Во подоцнежниот живот додека работел на ''Капиталот'' (што тој никогаш не го завршил), Маркс страдал од три маки. Болеста на црниот дроб, веројатно наследна, била влошена со прекумерна работа, лоша диета и недостаток на сон. Воспалението на очите било предизвикано од премногу работа во текот на ноќта. Третата мака, ерупција на карбункули или чиреви, „веројатно била предизвикана од општата физичка слабост кон којашто придонеле различните одлики на стилот на живот на Маркс - алкохол, тутун, лоша диета и несоница. Енгелс честопати го поттикнувал Маркс да го промени овој опасен режим.“ Во своето писмо до Енгелс, од 22 јуни 1867, Маркс напишал: „Се надевам буржоазијата за целото време ќе мисли за моите чиреви.“
 
Во 2007 година беше направена ретродијагноза на Марксовата кожна болест од страна на дерматологот Сем Шустер од Универзитетот Њукасл и за Шустер најверојатното објаснување било дека Маркс не страдал од проблеми со црниот дроб, туку од hidradenitis suppurativa, периодична инфективна состојба која произлегува од блокада на отворањето на егзокрините жлездени канали коишто се отвораат во фоликулите на влакната. Оваа состојба, која не била опишана во англиската медицинска литература до 1933 година (оттука и не би била позната на лекарите на Маркс), може да предизвика болка во зглобовите (што може погрешно да се дијагностицира како ревматско нарушување) и болна состојба на очите. За да дојде до неговата ретродијагноза, Шустер го земал предвид примарниот материјал: преписката на Маркс објавена во 50 тома од Собраните дела на Маркс и Енгелс. Таму, „иако раните на кожата биле наречени „фурункули“, „чиреви“ и „карбункули“ од страна на Маркс, неговата сопруга и неговите лекари, тие биле премногу упорни, повторливи, деструктивни и локациски ориентирани за оваа дијагноза.“ Местата на постојаните „карбункули“ биле забележани повеќепати во пазувите, препоните, перианалниот дел, гениталиите (пенисот и скротумот) и супра-пубичнитесрамните региони и внатрешните бедра, „фаворизирани места на hidradenitis suppurativa.“ Професорот Шустер тврди дека дијагнозата „сега може дефинитивно да се одреди.“
 
Шустер продолжил да ги разгледува потенцијалните психосоцијални ефекти на болеста, истакнувајќи дека кожата е орган на комуникација и дека hidradenitis suppurativa произведува многу психолошка вознемиреност, вклучително и лутина и одвратност и депресија на личниот имиџ, расположение и благосостојба, чувства за коишто Шустер најде „многу докази“ во преписката на Маркс. Професорот Шустер продолжил да се прашува дали менталните ефекти на болеста влијаеле врз работата на Маркс и дури му помогнале да ја развие својата теорија на отуѓување.
Ред 205:
 
==== Капиталот ====
Капиталот е наслов на делото на Карл Маркс, што е објавено во три тома. Првиот том ce појави во 1867 г. По смртта на Маркс, Фридрих Енгелс го среди Марксовиот ракопис и во 1885 г. го објави вториот, a во 1894 г. третиот том на „Капиталот”. Во предговорот на првиот том Маркс укажува дека целта на ова дело е да ги разоткрие законите на економскиот развој на капиталистичкото општество.
 
Методолошки Марксовата анализа тргнува од општото кон посебното, односно од суштината на капиталистичкиот начин на производство - производството на вишок на вредноста, кон неговите појавни облици.
 
Во првиот том на „Капиталот”, што носи наслов „Процесот на производство на капиталот”, во кој материјата е изложена во 7 оддели, Маркс го анализира производството на вишокот на вредноста , акумулацијата и капиталистичката репродукција, дејството на економските закони што ги создаваат материјалните и општествените претпоставки на развојот на капиталистичкиот начин на производство.
 
Во вториот том Маркс го анализира прометниот процес на капиталот, што го изложува во три оддели: кружно движење и метаморфоза на капиталот, обрт на капиталот и репродукција и промет на целокупниот општествен капитал.
 
Во третиот том Маркс ја анализира појавната страна на капиталистичкиот економски процес, давајќи му наслов „Целокупниот процес на капиталистичкото производство”. Овде ce опфатени основните манифестации на капиталистичката распределба на вишокот на вредноста и законите на формирање на капиталистичките форми на доходи. Овие проблеми ce обработуваат во седум оддели: претворање на вишокот на вредноста во профит и стапката на вишокот на вредноста во профитна стапка, претворање на профитот во просечен профит, законот за тенденциско паѓање на профитната стапка, претворање на стоковниот и паричниот капитал во стоковнотрговски капитал и парично-трговски капитал, делење на профитот на интерес и претприемачка добивка и интересоносниот капитал,претворање на екстра профитот во земјишна рента и доходите.
 
===== Закон за тенденциско опаѓање на профитната норма =====
Законот за тенденциско опаѓање на профитната стапка го формулира Маркс во III том на „Капиталот”, чијашто суштина ce состои во следново: Профитот е мотив за капиталистите да вложуваат капитал во стопанството. А, пак, ефикасноста на капиталот ce мери со висината на профитната стапка. Стремежот за екстра профит, од една страна, и опстанокот во конкурентската борба, од друга, ги тера капиталистите да акумулираат, и тоа мора да акумулираат со зголемен органски состав на капиталот. Согласно со тој процес расте општествената продуктивност, односно низ тој процес ce остварува техничко– технолошкиот прогрес и развојот на производните сили. Зголемувањето на органскиот состав на општествениот капитал и зголемувањето на општествената продуктивност на трудот, при иста стапка на вишокот на вредноста, доведува до обратен процес: до паѓање на општата профитна стапка. Меѓутоа, профитната стапка е индикатор за ефикасноста на капиталот, од која произлегува побудата за инвестирање. Ако профитната стапка паѓа, ce определуваат економските граници на капиталистичкиот начин на производство, бидејќи главниот лост врз кој тој ce потпира –откажува. Потребата од зголемување на органскиот состав на капиталот и опаѓањето на профитната стапка ги изразува економските противречности на капиталистичкиот начин на производство, неговата економска ограниченост и историска преодност. Значи, самиот капитал ги одредува границите на капиталистичкиот начин на производство.
 
Но, Маркс вооочи сили со спротивно дејство, што го спречуваат паѓањето на профитната стапка, не допуштаат да паѓа повеќе отколку што би требало да паѓа со оглед на прогресивното зголемување на органскиот состав на капиталот со развојот на капитализмот. Токму затоа, општиот закон за паѓање на профитната стапка добива карактер на тенденција, т. е. тој ce преобразува во закон за тенденциско паѓање на профитната стапка. Маркс наведува 5 фактори што дејствуваат во спротивен правец на паѓањето на профитната стапка: 1. наголемување на степенот на експлоатација на работната сила со зголемување на апсолутниот и релативниот вишок на вредноста што предизвикува пораст или спречување на паѓањето на профитната стапка; 2. снижување на наемнината под вредноста на работната сила; 3. поевтинување на елементите на постојаниот капитал; 4. релативната пренаселеност; 5. надворешната трговија.
Ред 238:
Стоката претставува единство на употребна вредност и вредност. Употребната вредност како природен белег го изразува корисното својство на стоката. Наспроти тоа, вредноста означува општествен белег, општествен однос. Низ вредноста се воспоставуваат општествено-економските односи на луѓето.
 
Вредноста на стоката ce создава во производството, ce изразува во размената добивајќи форма на разменска вредност, што претставува квантитативна пропорција во која едно количество стока од еден вид ce разменува за друго количество од друг вид (на пр. 1 рало чевли = 100  kg пченица). Co развојот на стоковната форма на вредноста определена стока станува општ еквивалент што прераснува во паричен еквивалент, co кој ce изразува вредноста на сите стоки. Co пари изразената вредност на стоката добива форма на цена. Вредноста ce создава во производството, a цената ce определува на пазарот. Според тоа, иако цената e паричен израз на вредноста на стоката, поради неусогласеноста меѓу понудата и побарувачката настанува отстапувања на цената од вредноста на стоката, што го претставува механизмот на дејството на законот на вредноста преку кој ce врши алокација на вкупниот општествен труд на одделни гранки.
 
Трудовата теорија на вредноста почнува co Вилјам Пети. Адам Смит и Давид Рикардо ce сметаат за најголеми претходници на оваа теорија пред Маркс.Маркс го акцептира рационалното јадро од класичната политичка економија.
 
Тој ja коригира, ja дополни и натаму ja разви трудовата теорија на вредноста. Од неа Маркс ja изведе теоријата за вишокот на вредноста (a co тоа теоријата за експлоатацијата).
Ред 277:
Koгa кружното движење на капиталот ce гледа како континуиран процес што ce одвива во одредено време ce наречува обрт на капиталот . Од тоа гледиште капиталот ce дели на: основен или фиксен (што ce вложува во средствата на трудот што постепено ce трошат и постепено ја пренесуваат вредноста од нив на новите производи) и обртен или циркулационен (што ce вложува во предметот на трудот и во работната сила и сета своја вредност ја пренесува на новиот производ).
 
Од книговодствено гледиште, капиталот ce дефинира како вкупна вредност на имотот на еден стопански субјект, т.е. вкупната вредност што ce води од зградите, опремата, земјата итн. минус сумата на обврските (долговите).
 
Од финансиско гледиште под капитал ce подразбира сумата пари што е нужна за да ce инвестира, т.е. да ce почне со еден деловен потфат.
Ред 315:
 
=== Комунизам ===
Комунизам (фр. com­munisme од commun - заеднички, општ; од лат. communis - заеднички, општ, communitas - заедница; анг. communism) е теорија за идно бескласно општество, кое ce засновува врз општествена сопственост на средствата за производство, еднаквост меѓу луѓето и еднаквост во распределбата на средствата за живот.
 
Идејата за комунистички општественоекономски систем ce провлекува низ историјата на човечкото општество. Како посебна насока на општествено-економската и политичката мисла претставува утопискиот социјализам , кој ce јавува во почетокот на 16 век (со појавата на првобитната акумулација на капиталот) и највисок подем достигнува по индустриската револуција во првата половина на 19 век. Социјалистите утописти конструираа идеално општество, коешто треба да го замени капиталистичкото, како неправедно општество. Карактеристично за нив е што комунистичкото општествено уредување го темелеа врз етички и хуманистички принципи и убедување на сопствениците за доброволно пристапување кон овој систем.
 
Посебно значење има учењето на Маркс и Енгелс, кое ce јавува во услови на развиениот капитализам, односно класичниот или либералниот капитализам. Тие комунизмот го темелат врз основа на законите на економскиот и општествениот развој на капитализмот: акумулацијата на капиталот, концентрацијата и централизацијата на капиталот, поопштествувањето на капиталот, разделувањето на функцијата сопственост на капиталот од функцијата управување и раководење со капиталот, тенденциското паѓање на општата профитна стапка како ограничувачки фактор на капиталистичкиот начин на производство, економските кризи од хиперпродукција (кои ce повторуваа на 7 до 10 години) и предизвикуваа економски и општествени потреси и во овој склоп создавање многубројна работничка класа со спротивни интереси од капиталистичката класа. Ce смета дека сите овие објективни фактори нужно водат кон преобразба на капиталистичката во комунистичка општествено-економска формација.
 
Според класиците на марксизмот, од капитализмот во комунизам не може да ce премине директно. Бидејќи не постојат соодветни материјални услови, со преземањето на власта не може веднаш да ce воспостави бескласно општество, туку е потребен извесен период за трансформација на класното во бескласно општество. Затоа комунистичката општествено-економска формација ce состои од две фази: прва, или нижа (која во секој поглед, во економски, класен, морален, духовен, носи траги од капиталистичкото општество, од чија утроба излегува) и втора, или виша. Првата, или нижата, ce наречува социјализам, a втората, или вишата, го претставува вистинскиот комунизам, односно наполно бескласно општество.
 
Во преодниот период ce создаваат материјалните, субјективните и сите други претпоставки за бескласно општество, за кое Маркс вели: „Во вишата фаза на комунистичкото општество, кога ќе исчезне ропската потчинетост на индивидуите на поделбата на трудот, a co тоа и спротивноста меѓу интелектуалниот и физичкиот труд, кога трудот ќе стане не само средство за живот туку и прва животна потреба, кога со сестраниот развој на индивидуите ќе нараснат производните сили и кога сите извори на општественото богатство ќе потечат пообилно - дури тогаш ќе биде можно сосема да ce пречекори тесниот буржоаски правен хоризонт и општеството ќе може на своето знаме да напише: секој според своите способности, секому според неговите потреби”.