Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
На 6 април 1941 г. [[Германија]] и [[Италија]] ја нападнале [[Кралство Југославија|кралска Југославија]], која била поразена за десет дена. Бугарија не учествува во воените дејствиjа. Германците на 18 април ја поканиле Бугарија да ја преземе контролата врз дел од територијата на [[Вардарска Бановина|Вардарската Бановина]]. Уште пред нивното влегување во Вардарска Македонија, власта во поголемите градови е преземена од [[Бугарски акциони комитети|Бугарските акциони комитети]].
 
Комитетите организираат свечени дочеци на бугарската војска, коja навлегува во Кралството Југославија на 19 април 1941 година.<ref>Минчев, Д., ''Българските акционни комитети 1941'', София, 1995.</ref><ref>Протокол No 1 на учредителното събрание на местния български акционен комитет за град Струга и околията</ref> Секретарот на Покраинскиот комитет на [[КПЈ]], [[Методија Шаторов - Шарло]], ја издига паролата за создавање на национален фронт со сите противници на големосрпскиот режим, а Покраинскиот комитет доброволно се приклучил кон [[Бугарска работничкакомунистичка партија (комунисти)|Бугарската работничка партија (комунисти)]]. 12,000 македонски воени заробеници биле ослободени со помошта на комитетите. Под нивниот притисок започнува протерување на српските колонисти од регионот.
 
На [[19 април]] [[1941]] година, при навлегувањето на бугарските единици во [[Струмица]], Месниот комитет на КПЈ и [[Клуб на есперантисти|Клубот на есперантистите]] организирале масовни демонстрации со учество на неколку илјади граѓани. Пред седиштето на есперантистите се собрало маса граѓани и во поворка тргнале по улиците на Струмица. Носејќи ја картата на Македонија ги извикувале паролите ''Македонија на Македонците'', ''Да живее слободна Македонија'', ''Долу шпиони''.<ref>„Струмица и Струмичко низ историјата“ (1969), Манол Пандевски, стр. 404.</ref>