Мармара (остров): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонско име на предлошка, replaced: {{flag| → {{знаме|
с →‎Историја: Правописна исправка
Ред 51:
За време на прогонството наложено од [[Диоклецијан]], царот наредил [[Манихејство|манихејците]] со низок статус да бидат погубени, додека оние со висок статус требало да бидат испратени да работат во каменоломите на островот.
 
За време на владеењето на [[Константин Велики]] во 4 век, значајна аристократија од [[Цариград]] најпрвин се населила на островот. До [[569]] година, многу византиски аристократи изградиле палати на островот што ги прифатиле како свој дом. Најголемата палата на овој период била изградена од царот [[Јустинијан I]]. Со царот дошла и голема придружба на благородниците, чуварите на палатата, трговците и слугите. Јустинијан, исто така, изградил голем манастир на Мармара, кој е еден од најраните во запишаната историја. Византиското кралско присуство на островот силно се чувствувало преку силните врски со [[Цариградска Патријаршијапатријаршија|Цариградската Патријаршијапатријаршија]]. Во поголемиот дел од својата историја, островот бил наречен „''Проиконес''“ или „''остров на кралскиот мираз''“, и „''Принкипо''“, (остров на аристократијата).
 
Од падот на [[Византија]] до почетокот на османлискиот период островот бил речиси исклучиво населен со православни Грци. Започнувајќи од [[17 век]], на островот живееле некои [[Турци]] и релативно голем број на Евреи, повеќето од нив [[Сефарди]] кои ја напуштиле [[Шпанија]] по [[Шпанска инквизиција|инквизицијата]]. За време на [[Првата светска војна]], голем дел од населението било присилно исклучено од островот кон копното. И, по војната, како резултат на [[Договор од Лозана (1923)|Договорот од Лозана]] од [[1923]] година и размената на населението помеѓу [[Грција]] и [[Турција]], сите Грци, родени на островот Мармара, емигрирале во Грција и на други локации низ целиот свет.