Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Врски: Правописна исправка
Ред 67:
 
Вниманието на медиумите се фокусираше на нејзиниот личен живот. Таа имаше врски со Ojani Noa, Sean Combs, Cris Judd, Ben Affleck и Marc Anthony. Почнувајќи во 1984 година, кога Лопес беше на возраст од 15 години и сè уште беше средношколка, таа почна да излегува со David Cruz. Тие се разделуваат во 1994 година, а таа сè уште останува во блиски односи со него, десет години откако тие се разделија; Лопес во 2004 година изјави: „Тој е пријател и тој најверојатно знае повеќе за мене отколку било кој друг".
Првиот брак на Лопес беше со Кубанецот Ojani Noa, на 22 февруари 1997 година. Лопес го запозна Noa додека тој работеше како келнер во еден ресторан во Мајами. Се разведуваат во јануари 1998 година. Лопес подоцна го вработи Noa како менаџер на својот ресторан во Пасадена, во април 2002 година, но тој беше отпуштен во октомври 2002 година. Откако Noa ја тужел Лопес за престанокот на работниот однос, тие се одлучиле спогодбено да го завршат судскиот спор. Во април 2006 година Лопес поднесе тужба за да го спречи својот поранешен сопруг во намерата да објави книга која содржи лични податоци за нивниот краткoтраен брак, тврдејќи дека го прекршил предбрачниот договор. Во август 2007 година, судот назначи посредник кој издаде постојана забрана за Ojani Noa за „критикување, оцрнување, претставување во негативно светло или на друг начин деградирање" на Џенифер Лопес. Нејзе ѝ беа дадени 545.000 долари за обештетувањеобесштетување, што вклучуваше речиси 300.000 долари за легални такси и речиси 48.000 долари за арбитража трошоци. На Noa исто така му беше наредено да ги предаде лично на Лопес или на нејзиниот адвокат сите копии на материјали поврзани со книгата. Во ноември 2009 година, Лопес го тужеше Noa за прекршување на договорот и нарушување на приватноста, со цел да го спречи во издавањето на филмот, "How I Married Jennifer Lopez: The JLo and Ojani Noa Story" (Како се оженив со Џенифер Лопес: Приказната на JLO и Ојani Noa) и дотогаш необјавените домашни снимки. На 1 декември 2009 година, судијата James Chalfant му издава привремена забрана на Noa и неговиот агент, Ed Meyer, забранувајќи им да ги дистрибуираат снимките. Бидејќи налогот е само привремен, адвокатот на Лопес, Jay Lavely, рече дека тој ќе направи сè за налогот да биде траен. Lavely истакна дека „Немаше ништо налик на секс снимка во сопственост на Ноа. Тоа е приватно и лично, но не е секс лента. Тие се погрешно презентирани пред јавноста за да се зголеми вредноста и вниманието на медиумите". По сослушувањето, Noa рече дека тој планира да поднесе жалба на одлуката, изјавувајќи: „Не е за парите, тоа е за мојот живот".
Потоа Лопес ја имаше две и пол годишната врска со хип-хоп магнатот Sean Combs. На 27 декември 1999, Лопес и Комбс беа во еден Клуб на Менхетен во Њујорк, кога при расправија помеѓу Комбс и една друга група беше употребено оружје. Лопес и Комбс го напуштиле местото на настанот и подоцна биле застанати од страна на полицијата. Пиштол беше пронајден под предното седиште на нивното возило. Комбс беше обвинет за недозволено поседување на оружје. Стресот од судењето на Комбс и прогонувањето од страна на печатот само ги зголеми проблемите кои ги имаа помеѓу нив. Лопес ја прекина нејзината врска со Комбс една година подоцна. За време на граѓанската тужба во 2008 година, адвокатот на тужителот изјави дека Лопес „не може ништо да придонесе за случајот".
Нејзиниот втор брак беше со нејзиниот поранешен танчер кој ја пратеше на настапите, Cris Judd. Таа се запозна со Judd за време на снимањето на музичкиот спот за синглот "Love don’t cost a thing." Тие стапија во брак на 29 септември 2001 година, во нивниот дом, во едно предградие на Лос Анџелес. Нивниот брак ефективно заврши во јуни 2002 година, кога Лопес започна да се појавува во јавноста со Ben Affleck. Тие официјално се разведоа во јануари 2003 година.