Данок во крв: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување со навод и корекција
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Прв пат во изворите се споменува во [[1395]] година, а за време на султанот [[Мурат II]] ([[1431]]-[[1451]] година), бил озаконет. Освен неколку исклучоци, целото [[Христијани|христијанско]] население во европскиот дел на Царството, а подоцна и во азискиот дел, било подложено на ''девширме''. Старосната граница на собраните деца се движела меѓу 8 и 20 години, во зависност од потребите.<ref name=":02">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=|last2=д-р Стојан Киселиновски и др.|first2=|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=145}}</ref>
 
Најнадарените деца (''[[ич оглан|ич оглани]]'') биле избирани и тренирани во една од царските палати, со цел да станат лична придружба на султанот. Повеќето од другите деца (''аџеми оглан'') станувале припадници на [[јаничари|јаничарскиот корпус]]. Тие уживале голем број привилегии, што им овозможувало да заземат високи позиции во државната хиерархија. За време на војна служеле како пешадија, заземајќи ја централната позиција во воената формација и штитејќи го султанот.
 
Се смета дека до средината на [[18 век]] до кога постоела оваа институција, вкупно биле собрани и исламизирани околу 200 000 илјади христијански деца.<ref name=":02" />