Папа Лав IX: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: el:Πάπας Λέων Θ΄
Проширување
Ред 16:
}}
'''Папа Лав IX''' ([[лат.]] Leo PP. IX), познат и како '''Бруно Егисхејм-Драгсбург''' ([[германски]]:Bruno von Egisheim-Dagsburg)(роден на [[21 јуни]] [[1002]] во [[Егисхејм]], [[Елзас]] - починал на [[19 април]] [[1054]] во [[Рим]]) бил римски [[папа]] од [[12 февруари]] [[1049]] до [[19 април]] [[1054]]. Во [[католицизам|католицизмот]], тој е светец и неговиот празник се празнува на 19 април. Тој е историски најголемиот германски папа во [[Средниот век]]. Во негово време дошло до [[Голема шизма|Големиот раскол]] помеѓу источната и западната црква.
 
== Биографија ==
 
Лав IX бил жител на [[Егисхејм]], горен [[Елзас]], денес во Франција, но со населено од Германци. Неговото семејство било благородничко, а неговиот татко грофот Хуго бил роднина со царотr [[Конрад II, цар на Светото римско царство|Конрад II]] (1024-1039). Се школувал во [[Тул]], каде што подоцна станал свештеник, и во 1026 [[епископ]]. Во скоро, тој вршел и значајни политички услуги за неговиот роднина, царот Конрад II и подона за царот [[Хенрик III, цар на Светото римско царство|Хенрик III]] (1039-1056). Тој станал највредниот реформаторски свештеник, кој со воодушевување овозможил да дојде до ширење на правилото на [[манастир Клуни|манастирот Клуни]].
 
По смртта на папата [[Папа Дамасиј II|Дамасиј II]] (1048), Бруно бил избран за негов наследник на собранието во [[Вормс]], [[Германија]] во декември 1048. На собранието присуствувале и царот и римските делегати. И покрај тоа, Бруно очигледно на изборот за папа бил избран за нов папа, благодарение на гласовите на свештенството и луѓето. Заминувајќи кратко по Божиќ, тој се сретнал со игуменот [[Хуго од Клуни]] во [[Бесансон]], каде што бил придружуван од младиот свештеник Хилдебрнанд, кој подоцна станал папата [[Папа Григур VII|Григур VII]] (1073-1085). Бруно во Рим пристигнал следниот февруари, облечен во аџиска облека, и на осветувањето го добил името Лав IX.
 
Лав IX ја почитувал традицијата во неговата реформација на Католичката црква. Една од неговите први големи работи била да се одржи познатиот [[Велигден|Велигденски]] синод во 1049, на кој [[целибат]]от во свештенството повторно бил воспоставен. Исто така, Велигденскиот синод се одржал каде што папата имал најмало влијание, насочувајќи ги неговите убедувања против секој вид на [[симонија]]. Најголемиот дел од следната година, тој бил зафатен со развојот во Италија, Германија и Франција, што останало славно од неговиот [[понтификат]]. По одржувањето на синододт во Павија, тој му се придружил на Хенрик III во Саксонија и го придружувал до Келн и Ахен; до Ремс тој исто така го повикал високото свештенство, со коешто биле донесени неколку значајни декрети. Тој одржал собор и во Мајнц, на кој присуствувале италијански, француски и германски свештеници, а присуствувале и амбасадори на византискиот цар. На соборот се зборувало за симонијата како и целибатот.
 
AПо враќањето во Рим, папата Лав IX папата одржал уште еден Велигденски синод (29 април 1050), на кој се збрувало за разликите во учењата на [[Беренгар Турски]]. Истата година, тој одржал локални синоди во [[Салерно]], [[Сипонто]] и [[Верчели]]. Во септември, истата година, тој ја посетил Германија, по што се вратил зво Рим навреме, за одржувањето на третиот Велигденски синод, на кој било разгледано прашањето за оние кои требале да бидат ракоположени, а биле избрани за симонисти.
 
Во 1052, папата Лав IX го придружувал царот во [[Пресбург]] и безуспешно побарал да се обезбеди покорноста на [[Унгарија|Унгарците]]; и во [[Регенсбург]], [[Бамберг]] и [[Вормс]].
 
[[Image:Placa-castelo-Eguisheim.jpg|thumb|right|200px|Комеморативен штит на ѕидот од занокот Егисхајм, Елзас, родното место на папата Лав IX.]]
 
По четвртиот Велигденсики синод во, папата Лав IX тргнал против [[Нормани]]те на југ со војска сочинета од италијански и германски волонтери, но неговите војски доживеале тежок пораз во [[Битка кај Цивитате|битката кај Цивитате]] на [[15 јуни]] 1053. Напуштајќи го градот за да се сретне со противникот кој победил во битката, тој бил примен со сите знаци на покорност of submission, почестен со заклетви за верност и почитување и заборав на она што се случило. Од јуни 1053 до март 1054, папата сепак бил задржан кај [[Беневенто]] во почесно заробеништво. Тој не преживеал долго по враќањето во Рим, па умрел на [[19 април]] [[1054]].
 
Лав IX е запаметен и по тоа што испратиил мисионери, предводени од [[Хумберт од Мурмоатје]], [[кардинал]] и епископ на Силвија Кандида и по тоа што ја издал [[була]]та со која го [[анатема|анатемисал]] [[Цариградски патријарх|цариградскиот патријарх]] [[Михаил I Керулариј]] (1043-1059) како одговор на неговите активности во интерес на црквата во [[јужна Италија]]. Овој чин, заедно со булата за исклучување од црквата го претставува расколот меѓу [[Римокатоличка црква|западната]] и [[Вселенска патријаршија|источната]] црква, познат како [[Големата шизма]].
 
{{Папи}}
{{Папа-никулец}}
 
[[Категорија:Папи|Л]]