Марка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Вовед: Јазична исправка, replaced: апознат → апознаен
с →‎Брендот како емотивна врска: Правописна исправка, replaced: чуств → чувств
Ред 58:
== Брендот како емотивна врска ==
Маркетингот денес повеќе не функционира! Новите производи пропаѓаат во неверојатен број! Најголем број рекламни кампањи не регистрираат безмалку ништо во свеста на потрошувачите! Малку кој производ успева да влијае на нивната свест како ефективен и јак бренд! Сепак, и понатаму постојат многу јаки брендови: Coca Cola, Microsoft, BMW…Овие корпорации научиле како да го направат брендот жив во свеста на своите потрошувачи. Силен бренд мора да понуди единствено и целосно повеќе - сетилно искуство. Не е доволно само визуелно да се претстави производот или услугата во рекламата. Покрај сетилата на вид, потребно е да се приклучат и ангажираат и останатите сетила. Комбинацијата на видео и аудио стимулации на сетилата на потрошувачите резултира со 2+2=5 ефект. Повеќе од сигурно е дека се исплатува вклучувањето и на останатите чуствителничувствителни канали (мирис, вкус и допир ) со што уште повеќе се зголемува искуствениот ефект. Ова го напишал познатиот [[Филип Котлер]] во предговорот на книгата „Чувство за бренд“ на [[Мартин Линдстром]].
 
Успешен бренд се создава со концептуализација на бизнис идеја која користи дизајн за визуелно артикулирање. Крајната цел е создавање емотивна трансакција, размена и лојалност. Чинот на воспоставување на ова врска што ја нарекуваме брендирање станува водечка доктрина во развојот на економијата, општеството и културата. На крај таа ја одредува и иднината.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Марка