Финска православна црква: Разлика помеѓу преработките

с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Кон почетокот на [[19 век]], по Руско-шведската војна, помеѓу Шведска и Русија бил склучен договор според кој сферата на влијание на земјата била разделена на два дела. Старите шведски поседи припаднале на Русија. Како резултат од тие промени, бројот на православното население во земјата значително се зголемил. Голем број на православни верници биле населени на овие простори. Црковната управа во Финска била извршувана од страна на митрополитот во Санкт Петербург. Во [[1892]] година била основана самостојна епархија во Виборг.
 
[[Податотека:Parishes of Orthodox Church of Finland.svg|мини|лево|Епархии и парохии на Финската православна црква]]
По [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], Финска добила независност. Во независната држава, православната црква добила статус на државна религија, заедно со лутеранската црква. Во [[1921]] година, московскиот патријарх Тихон и доделил статус на автономна црква. Согледувајќи го хаосот кој се вршел над [[Руска Православна црква|Руската Православна црква]] во Русија, Финската црква се обратила кон [[Цариградската патријаршија]] со молба за признавање. Така, на [[6 јули]] [[1923]] година, Финската Православна црква добила статус на автономна црква со ранг на архиепископија под јурисдикција на [[Цариградската патријаршија]].