Кадиново: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69:
== Историја ==
=== Во Отоманското Царство ===
Кадиново е старо село. Црквата „[[Црква „Св. Атанас“ - Кадиново|Св. Атанас]]“ е изградена пред 1806 г. судејќи по натпис на Благовештението поставен таа година. На почетокот на ΧΧ век Кадиново било село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) во 1900 г. ''Кадијно Село (Суќутли)'' имало 248 жители [[Македонци]] и 60 [[Роми]].<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>{{МЕС|146}}</ref>
 
Во Кадиново работела [[Грчка пропаганда во Македонија|грчката пропаганда]]. Целото село било под врховенството на [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]]. По податоци на [[Бугарска егзархија|егзархискиот]] секретар [[Димитар Мишев]] („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 г. во ''Кадиино (Kadiyno Selo)'' имало 336 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.<ref name="БИМ" /><ref>Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102-103.</ref> Прв учител во грчкото училиште бил Христос Думис. Семејствата Стојанидис и Харисиадис зеле учество во [[грчка вооружена пропаганда во Македонија|грчката вооружена пропаганда]] против Македонците. Од Кадиново е таткото на [[гркомани|гркоманскиот]] капетан [[Гоно Јотов]].