Полиплоидија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова статија
 
Мала промена
Ред 2:
'''Полиплоидијата''' претставува промена (односно [[Мутација (генетика)|мутација]]) во [[плоидност]]а на една или повеќе [[Клетка|клетки]], при што се создаваат повеќе од два [[Хомологни хромозоми|хомологни пара]] на [[хромозом]]и.
 
[[Еукариот|Еукариотските]] хромозоми доаѓаат во парови. Телесните (соматски) клетки обично имаат [[диплоид]]ен хромозомски број, кој се означува 2n. Во диплоидна состојба постојатхромозомите двасе парапоредени наво хромозомипарови, од којкаде секој поединечен хромозом од парот е наследен од еден од родителите. Доколку диплоидниот број се подели на половина, тогаш се добива [[хаплоид]]ниот (половичен) број на хромозоми (n). Хаплоидниот број на хромозми е карактеристичен за половите клетки - [[Гамета|гамети]]. Секој вид си има карактеристичен за себе диплоиден број на хромозоми. Така, диплоидниот број на човекот изнесува 46, односно 2n=46. Меѓутоа, човечките [[сперматозоид]]и и [[Јајце клетка|јајце клетки]] имаат хаплоиден број од 23, односно n=23. Тој се добива со [[мејоза]], односно клеточна делба при која се редуцира диплоидниот број на клетките на [[Герминативен епител|герминативниот епител]] во хаплоиден. Но, во одредени случаи, еден организам може да има повеќе од два хромозомски пара. Оваа појава се нарекува полиплоидија.
 
Една од причините за полиплоидијата може да биде [[полиспермија]]та. Доколку два сперматозоида оплодат една јајце клетка, добиениот [[зигот]] ќе има три пара на хромозоми, односно ќе има триплоиден број на истите (3n). Доколку оваа појава се случи кај човечки организам, тогаш телесните клетки би имале 3n=69, бидејќи на диплоидниот (нормален) број му се додаваат уште 23 хромозоми од вториот сперматозоид. Триплоидијата кај луѓето и повеќето други [[животни]] е некомпатибилна со живот - триплоидните единки не успеваат да преживеат или, пак, преживуваат само првите неколку денови по раѓањето. За разлика од животните, полиплоидијата е далеку почеста кај [[растенија]]та, кај кои полиплоидните форми најчесто преживуваат и даваат многу поголеми клетки и растителни органи. Клетките на [[папрат]]ите се често во полиплоидна состојба и можат да имаат и до 1.500 хромозоми. Ова е случај и со некои култивирани [[житарици]]. Видот на полиплоидијата се означува според бројот на хромозомски парови во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]]: