Богородичната црква во Париз: Разлика помеѓу преработките

с
→‎Кратка содржина: Правописна исправка, replaced: престав → претстав
[проверена преработка][проверена преработка]
с (→‎За романот: Јазична исправка, replaced: преферира → претпочита)
с (→‎Кратка содржина: Правописна исправка, replaced: престав → претстав)
 
На т.н. плоштад на гревот, Квазимодо претходно претепан и омаловажен од страна на парискиот народ, моли за вода, но добива само смеа и пцовки. Од ведро небо, Есмералда му приоѓа и му дава вода. За првпат во неговиот живот Квазимодо се преобразува во човек и длабоко се вљубува во неа. Истовремено Клод Фроло гледајќи низ прозорецот од катедралата ја забележува Есмералда како го изведува својот цигански танц. Ненајдено е освоен од похотни чувства и решава дека мора да ја има.
 
Есмералда згрозена од грдотијата на Квазимодо и настраноста на Фроло, се осврнува кон физички прекрасниот Фебус, војник за француската армија, но простодушен човек. По сплет на настани, Фроло сфаќајќи дека никогаш нема да ја има, ја користи својата моќ како архиѓакон и ја обвинува Есмералда за вештерство. Со што ѝ следува смртна казна - спалување на парискиот плоштад. Квазимодо успева да ја спаси и ја носи на врвот од катедралата. Во средниот век, каде што е и сместено дејството во романот, црквите и катедралите биле свети места каде ниту еден закон не важел, со тоа катедралата преставувалапретставувала засолниште за Есмералда.
 
Квазимодо се грижи за неа сè додека, група бунтовници не решат да влезат во катедралата и ја грабнат Есмералда. Квазимодо со сета своја моќ се обидува да ја спаси, но не успева. Таа е одведена на јавниот плоштад каде џелатот и го скратува животот. Во тој момент Квазимодо исчезнува. Авторот го завршува романот со два трупа најдени години подоцна, едниот долг и човечки, а другиот силно стиснат за првиот разобличен и згрбавен, кога луѓето се обиделе да ги раздвојат телата, тие се претвориле во пепел.