Трајче Грујоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
додадени надворешни врски
додадени наводи
 
Ред 14:
 
== Животопис ==
Роден е на 19 август 1921 година во село [[Раково]], Леринско, Грција. Основно и средно образование завршил во [[Битола]]. Бил член на [[СКОЈ]] од 1938 година, а од 1940 и на [[КПЈ|Комунистичката партија на Југославија]]. Еден е од организаторите и првоборците на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил – во отсуство – на 15 години строг затвор.<ref name="ЗЛБ 60" /> Бил борец на Битолскиот [[Битолски партизански одред „Јане Сандански“|НОПО „Јане Сандански“]] во 1942, инструктор на Леринскиот [[НОПО „Вичо“]], политички комесар на чета во Битолскиот [[НОПО „Гоце Делчев“]] во 1943, член на Вториот областен комитет на КПМ во 1943 и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ.<ref name="ЗЛБ 60" /><ref name=":0">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=|last2=д-р Стојан Киселиновски и др.|first2=|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=136}}</ref><ref name=":1">{{Наведена книга|title=Личности од Македонија|first=Јован Павловски и други|publisher=МИ-АН|year=2002|isbn=9989-613-28-1|location=Скопје|pages=79}}</ref>
 
По Ослободувањето дипломирал на Правно-економски факултет во Скопје, а потоа се здобил со титула доктор на науки. БешеБил редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот „Св. Климент Охридски“. Автор е на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем.<ref name="ЗЛБ 60" />
 
Бил на повеќе високи државни и политички функции: министер во Владата на СФРЈ, потпретседател на Извршниот совет (владата) на СР Македонија, делегат во Собранието на СФРЈ, судија во Уставниот суд на Македонија,<ref name=":1" /> потпретседател на Собранието на СРМ,<ref name=":1" /> член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, претседател на првиот Управен одбор на Радио Скопје и на МРТВ, претседател на Издавачкиот совет на НИП „[[Нова Македонија]]“. Починал на 17 јули 2016, во Скопје.<ref name="ЗЛБ 60" />
 
== Библиографија ==