Трајче Грујоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
додадена/изменета предлошка - основно подредување
додадени надворешни врски
Ред 11:
}}
 
'''Трајче Грујоски''' ({{роден|19|август|1921}} во {{Роден во|Раково|Егејска Македонија|Грција}} — {{починат|17|јули|2016}} во {{Починат во|Скопје|Македонија|}}) — општествено-политички деец, еден од организаторите на НОБ во Битолско, политичар, судија и универзитетски професор.<ref name="ЗЛБ 60" />
 
== Животопис ==
Роден е на 19 август 1921 година во село [[Раково]], Леринско, Грција. Основно и средно образование завршил во [[Битола]]. Бил член на [[СКОЈ]] од 1938 година, а од 1940 и на [[КПЈ|Комунистичката партија на Југославија]]. Еден е од организаторите и првоборците на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 до 1945 година (носител е на „Партизанска споменица 1941“), а во 1942 година бугарскиот фашистички суд го осудил – во отсуство – на 15 години строг затвор. Бил борец на Битолскиот [[Битолски партизански одред „Јане Сандански“|НОПО „Јане Сандански“]] во 1942, инструктор на Леринскиот [[НОПО „Вичо“]], политички комесар на чета во Битолскиот [[НОПО „Гоце Делчев“]] во 1943, член на Вториот областен комитет на КПМ во 1943 и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ.<ref name="ЗЛБ 60" />
 
По Ослободувањето дипломирал на Правно-економски факултет во Скопје, а потоа се здобил со титула доктор на науки. Беше редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на битолскиот „Св. Климент Охридски“. Автор е на повеќе дела од општествено-економскиот и политичкиот систем.<ref name="ЗЛБ 60" />
 
Бил на повеќе високи државни и политички функции: министер во Владата на СФРЈ, потпретседател на Извршниот совет (владата) на СР Македонија, делегат во Собранието на СФРЈ, судија во Уставниот суд на Македонија, потпретседател на Собранието на СРМ, член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, претседател на првиот Управен одбор на Радио Скопје и на МРТВ, претседател на Издавачкиот совет на НИП „[[Нова Македонија]]“. Починал на 17 јули 2016, во Скопје.<ref name="ЗЛБ 60" />
 
== Библиографија ==
Ред 33 ⟶ 34:
== Надворешни врски ==
* [https://collections.ushmm.org/search/catalog/irn50893 Усна историја; Интервју со Трајко Грујоски] — Меморијален музеј на холокаустот на САД
* [https://novatv.mk/pochina-trajche-grujoski-poraneshen-funktsioner-profesor-i-borets/ Почина Трајче Грујоски,поранешен функционер,професор и борец]
* [https://apla.mk/denes/item/5454-na-deneshen-den-pochina-trajche-grujoski-nositel-na-partizanska-spomenica-1941 Биографија на Трајко Грујоски]
* [https://facesofresistance.org/site/face/grujoski-trajce/mk-MK Животопис на Трајче Грујоски] - видео интервју
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Грујоски, Трајче}}