Геном: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова статија
 
Дополнување
Ред 2:
'''Геном''' е поим со кој се означува целосниот збир на наследна информација кај еден организам. Кај оние организми чии тела се изградени од [[Клетка|клетки]], наследната информација постои како [[ДНК]]. Бидејќи постојат две големи групи на организми - [[прокариот]]и и [[еукриоти]] - кои се разликуваат по видот на клетките, организацијата на геномите е многу различна кај овие две групи.
 
Клеточната ДНК кај прокариотите е поредена во ''[[нуклеоид]]ниот регион'' (јадрениот еквивалент) кој не е одделен од остатокот на клетката со мембрана. Кај еукариотите, пак, наследната материја главно се наоѓа во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]], но постојат и мали количини на наследна материја и во некои цитоплазматични [[Органела|органели]], како што се [[хлоропласт]]ите кај [[растенија]]та и [[Митохондрија|митохондриите]] кај сите еукариотски групи.
 
Еукариотските клетки подлежат на циклична промена, одејќи од новообразувана клетка до клетка која се [[Делба на клетките|дели]] за да ја произведе следната генерација на прогенски клетки. Пред делбата, клетката е во [[интерфаза]]; за време на делбата, клетката е во делбена фаза. За време на интерфазата, јадрената ДНК е организирана во расфрлена мрежа од [[хроматин]], комплексно соединение што се состои од [[нуклеинска киселина]] и базни [[протеин]]и наречени [[хистон]]и. Веднаш пред и по клеточната делба, хроматинот се кондензира во повеќе структури наречени [[хромозом]]и. Поради ова, физичката организација на геномот е најразлична од интерфазата до делбената фаза. [[Вирус]]ите, како неклеточни [[паразит]]ски форми, имаат геноми од двоверижна ДНК, едноверижна ДНК, двоверижна [[РНК]] или едноверижна РНК.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Геном