Влада: Разлика помеѓу преработките

Додадени 309 бајти ,  пред 4 месеци
 
Една од највлијателните теории за влади во последните два века е теоријата за [[општествен договор]], на која се засноваат модерните [[демократија|демократии]] и повеќето форми на [[социјализам]]. Оваа теорија стои на ставот дека владите се создадени од луѓето со цел да обезбедат колективни услови (како искоренување на неписменоста, борба против криминалот, технолошки напредок) кои не можат да бидат задоволени со користење на индивидулани права. Значи владите постојат со цел да им служат на потребите и желбите на луѓето. Владите работат според "општествени договори" ([[устав]] и придружни закони) кои мора да бидат прифатени од страна на владата и луѓето (народот). Ако мнозинството е незадоволно, тоа може да го измени социјалниот договор. Ако [[малцинство]]то е незадоволно, тоа може да го убеди [[мнозинство]]то да го промени општествениот договор или да ја напушти територијата на која дејствува владата (емигрира) или да се обиде да изврши [[сецесија]]. Оваа теорија е заснована на претпоставката дека сите луѓе живеат во свет кој не е идеален. Значи имаме договор помеѓу членовите на организираното опшество. Имаме договор помеѓу владеачите и владеаните кој ги лимитира правата на едните и дефинира должностите на другите. [[Томас Хобс]], [[Џон Лок]] и [[Жан-Жак Русо]] се најпознати филозофи кои ја пропагираат оваа теорија.
 
==Владата како мотив во уметноста и во популарната култура==
* „Доле влада!!!“ — кус расказ на македонскиот писател [[Ѓоко Здравески]] од 2019 година.<ref>Ѓоко Здравески, ''Отсечки стварност''. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 44.</ref>
* „Гласот на бога е владата“ (англиски: ''Voice Of God Is Government'') — песна на американската [[Панк рок|панк-рок]] група ''[[Bad Religion]]'' од 1982 година<ref>[https://www.discogs.com/es/master/25526-Bad-Religion-How-Could-Hell-Be-Any-Worse Discogs, Bad Religion ‎– How Could Hell Be Any Worse? (пристапено на 12.12.2021)]</ref>
* „Ти си (владата)“ (англиски: ''You Are (The Government)'') — песна на ''Bad Religion'' од 1988 година<ref>[https://www.discogs.com/master/58410-Bad-Religion-Suffer Discogs, Bad Religion ‎– Suffer (пристапено на 16.12.2021)]</ref>