Стар театар „Антон Панов“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
 
== Историја ==
Градбата е сместена во градскиот центар, на улица „Боро Џони“ бр. 5. Изградена е од есента [[1948]] до мај [[1949]] година со доброволен труд на граѓаните. Била изведена масивно, со приземје и кат со влез од север. Во 1969 година е извршена реконструкција, при која внатрешноста е обновена од уметникот Александар Јанкуловски и вајарот Насо Беќаров. Приземјето имало влезно фоаје, билетарница и скалила кон катот. Салата имала 460 седишта и две ложи по страните. Лево и десно од од сцената имало работилници, гардероби и други придружни простории. Внатрешнсота била богато украсена со [[мозаик|мозаици]] и [[бакар]]ни апликации.<ref name="Управа"/>
 
На почетокот на XXI век била зачувана само предната северна [[фасада]] кон улицата „Боро Џони“ и влезната врата, која е впечатливо изработена од дрво со бакарни апликации. Предната фасада е со нагласен централно поставен влез со два [[пиластер|пиластра]] со [[капител]]и. На приземјето има по еден прозорец лево и десно од влезот, а на катот се распоредени четири симетрични прозорци. Фасадата завршува со профилиран венец и профилиран тимпанон. Вратата била пренесена во Домот на културата.<ref name="Управа"/>