Тевхид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
корисен текст за оваа тема
 
корисен текст за оваа тема
Ред 6:
 
Доколку се реализира верувањето дека Бог е Создател и Господар на световите, што би било тогаш обожувањето? Прво што ни паѓа на ум е дека обожувањето на Бога е спомнувањето на Бога, молитвата, постот, учењето на Куранот и слично на тоа, што приближува до Него. Ова е вистина. Меѓутоа, побожноста не се ограничува само на тоа. Секое корисно дело, шеријатски дозволено, кое верникот го извршува барајќи ја Божјата награда е побожност. Јаде, за да биде силен за извршување на она што му е заповедано. Неговото земање на храна со оваа намера е побожност. Се жени за да се направи себе си и својата сопруга крепосни и честити, и неговата женидба е побожност. Стекнување на имот со таква намера е побожност, како и неговото трошење за семејството. Стекнувањето на знаењето и дипломата е побожност. Извршувањето на домашните работи од страна на жената, послужувањето на нејзиниот сопруг и чувањето на нејзините деца е побожност. Секое дозволено дело, под услов оној кој го извршува да има намера Бог да е задоволен, е побожност. Значењето на побожноста е широко и ги опфаќа сите корисни човечки дела. Веројатно ова значење и оваа смисла се искажува со зборовите на Возвишениот: „И џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат!“
 
Извори:
- www.makislam.info
- www.islamski-centar.org
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тевхид