Антонио Неделковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Исправена грешка при пишување, replaced: моќе → може
транскрипција - Ќуприја наместо Чуприја
 
Ред 5:
Неделковски завршил училиште за металуршки техничар, но тој период, од скопската Железарница работите тргнаа удолу, па Тони, преку Студентската задруга се вработил на Клиниката за трауматологија во [[Скопје]]. Оние што го познавале велат: детето имаше мила ѕвезда. Бил „оган“ момче и на Клиниката сите го засакале, а раководстото му ветило постојано вработување. Затоа момчето побрзало да го отслужи воениот рок и да влезе во позрел живот, со што на родителите - работници ќе им помогне да ги доодгледаат другите три деца.
 
На 16 декември 1990 година аминал војник во [[Панчево]], тогаш [[СР Србија]]. Потоа, како примерен војник, го испратиле на курс за војска во [[ЧупријаЌуприја]]. Во мај 1991 година повторно се вратил во матичната касарна во Панчево. Таму, во специјалните единици останал со средината на октомври 1991 година. На 15 октомври е префрлен во [[Битка за Вуковар|боиштата во Вуковар]], еден месец подоцна загинува. Убиен е на 17 ноември 1991. Два дена подозна семејството е известено за случајот, а на 20 ноември телото е донесено во Скопје, за да биде погребано наредниот ден. Официјалната верзија на [[ЈНА]] за смртта на Антонио Неделковски е дека загинал од снајпер во селото Митница, [[Хрватска]]. Меѓутоа, за неговата смрт постојат повеќе верзии. Според една загинал додека се одморал и шлемот му бил во рацете. Според друга, бил убиен додека ја местел антената за да воспостави врски со командата. Третата верзија, пак, вели дека Тони го разнела гранатата. Меѓутоа, ниту таткото Славко, невработен угостител, ниту мајката Лилјана, работничка во „Макпетрол“, не веруваат во ниедна верзија. Тони имал рана само во слепоочницата. Излезната рана над тилот била поголема. Друга рана немал. Повод за сомнеж им дава и фактот што како никогаш порано, непосредно пред смртта, ноктите на рацете му биле неисечени најмалку еден месец. Поради писмата што семејството ги добивало, таткото Славко не дозволил на погребот да присуствуваат претставници од [[ЈНА]] и да има почесна стрелба. Им рекол: ''на детето доста му пукаа во животот, барем во гробот нека оди спокојно. Наместо стрелачки вод, си повикал шест попови''.
 
Момчињата што служеле со Тони ми рекоа дека ноќта кога го однеле во Вуковар, ги разбудиле со тревога, но без оружје. Ги натовариле во камиони во кои ги чувале вооружени резервисти што цело време си пиеле ракија. Ги однеле во [[Шид]]. Таму целата единица ја вооружале. Потоа, со хеликоптери ги префрлиле до Пакрац, каде ги поделиле на групи и ги упатиле кон Негославци, Матница, Врачара, Овчара и други места кај Вуковар. Марко Андонов од [[Струмица]], дете што останало без левата рака, ми кажуваше како кај Вуковар поделената единица на Тони, ноќ и ден пукала пеѓусебно, додека н да се препознаат. Оние што не сакале да пукаат, по казна ги испраќале во извидница, а од таму никој не се вратил жив. Други, пак, ако се обиделе да бегаат, бргу ги стасувал куршум, сеедно дали од резервистите што оделе зад регуларните единици или, пак, од противниците - вели таткото Славко.