Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Администрација: Правописна исправка, replaced: Бугарската Егзархија → Бугарската егзархија
с →‎Повлекување на бугарската администрација и армија: Правописна исправка, replaced: Советскиот сојуз → Советскиот Сојуз
Ред 97:
Во периодот од почеток на септември до крајот на ноември 1944 година во бугарската политика спрема Македонија, Тракија и Поморавјето настапуваат нагли и драматични пресврти кои се поврзани со воено повлекување и повторно воено навлегување во овие области.
 
На 26 август 1944, под закана на Црвената армија, владата на Иван Багрjaнов прогласила неутралност на Бугарија во однос на војната меѓу Германија и Советскиот Сојуз. Таа препорачала германските трупи да ја напуштат земјата, или да бидат разоружени. Бугарија ги прекинала дипломатските односи со Германија, и сакала официјално примирје со САД и Велика Британија и почнала повлекувањето на бугарските војници од окупираните територии во Југославија (Македонија и Србија) и Грција. Во овој период по консултации со Софија, Иван Михајлов пристигнал во Скопје со намера да прогласи создавање на [[Независна Држава Македонија]], но се откажал од таа идеја. Без оглед на овие околности, на 5 септември Советскиот сојузСојуз објавил војна на Царството Бугарија. Сепак, новата влада на Константин Муравиев објавила војна на нацистичка Германија на 8 септември 1944 година, и истиот ден војниците на СССР навлегле во земјата.
 
На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите делови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Во меѓувреме, командантот генерал Александар Попдимитров склучил договор, на 7 септември 1944 година со германскиот штаб во Скопје, за ''„симболична војна“'' на двете земји во Македонија. Ова негово дејствување ги деморализирало бугарските војници и одиграло фатална улога. Така започнало повлекувањето на Петтата бугарска армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично и многу војници потпаднале под германско апсење. Само 17-та пешадиска дивизија, која е најблиску до бугарска граница успеала целосно да се повлече, а 15-та дивизија единствена се спротивставила и водела борби со Германците во Битола и Прилеп со поддршка на бугарската авијација, а потоа се повлекла во мали групи кон Бугарија. Македонците и нивните сојузници, југословенските партизани, без оглед на новата власт во Софија, се однесувале кон Бугарската држава како кон непријателска сила, имајќи го на ум фактот дека Бугарите биле сојузници на Фашистите.