Турбе на Али-паша од Дагестан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 28:
'''Турбе на Али-паша од Дагестан''' — [[османлиска Македонија|османлиска]] гробница ([[турбе]]) во [[Чаир]], [[Скопје]].<ref name="Ottoman Monuments">{{наведена книга |title= Ottoman Monuments |last=Pavlov |first= Zoran, Radmila Petkova |authorlink= |coauthors= |year=2008 |publisher=Macedonian Cultural Heritage, Ministry of Culture of the Republic of Macedonia |location=Skopje |isbn=978-608-4549-03-01 |pages= 62 - 63 |url=http://haemus.org.mk/wp-content/uploads/2013/04/Ottoman_Monuments-in-Macedonia.pdf |accessdate=}}</ref> Прогласено е за [[културно наследство на Македонија]] како дел од комплексот на [[Султан-муратова џамија|Султан-муратовата џамија]] во кој се наоѓа.
 
Турбето е изградено во 1188 година [[исламски календар|од хиџрата]] (= [[1774]] од Христа). Му припаѓа на типот отворени турбиња со [[купола]] на шестаголна основа, покриена со олова и потппрена на шест масивни столба. Изградено е од делкан камен, со [[олово]] како врзивен материјал. Оштетено е во [[Скопски земјотрес (1963)|Скопскиот земјотрес од 1963 г.]] но потоа поправено. На фасадата во низок релјеф се претставени џамија со минаре, друго минаре со жлебови и две вазни со цвеќе. Во внатрешноста има два камени [[саркофаг]]а во кои се погребани жената и ќерката на Али-паша од Дагестан.<ref name="Ottoman Monuments"/> За погребаните жени стои натпис на [[османски турски јазик|турски]]:
 
{{цитатник|''Ова е гроб на Ајша, ќерка на Зејнеб анама, зеница на нејзиното око, од чистата крв на прочуениот Али-паша. Саканата ѝ мајка не можеше да ја преживее смртта на својата ќерка, затоа рече: ’Господе, сакам да бидам заедно со својата ќерка, затоа што како јагне на градите сум ја доела. Нека ми остане во скутот до крајот на светот и векот, како пупка трендафил!‘ Тоа му беше угодно на божјото провидение. И така утредента по смртта на девојката, по оваа мајчинска молба, и таа умре. Беше удостоена со Божјиот повик: ’При мене дојди! Елај, седни и молитва за покој на душата Ајшина читај!‘''