Џенифер Лопес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
 
Првиот голем успех за Лопес дојде во 1997 година, кога беше избрана да ја игра главната улога во Selena, биографски филм за поп пејачката Selena. И покрај тоа што претходно работеше со Nava на филмот Mi Familia, Лопес беше подложена на поригорозен аудициски процес за да ја добие таа улога. За нејзината глума во филмот доби многубројни награди и пофалби, вклучувајќи ја и номинацијата за Најдобра глумица во мјузикл или комедија на доделувањата на наградите „Златен глобус". Подоцна таа година, Лопес се појави во два значајни филмови. Глумеше во филмот Anaconda заедно со Ice Cube и Jon Voight, играјќи ја улогата на Teri Flores, режисерка која снима документарен филм, додека патува по реката Амазон. И покрај тоа што скромно помина на кино благајните, за учеството и глумата во филмот доби добри оцени од критичарите. Потоа ја доби главната улога во филмот U Turn, која е заснована на книгата Stray dogs, во кој се појавува со Sean Penn и Billy Bob Thornton.
Во 1998 година, ја има една од нејзините најценети улоги, глумејќи заедно со George Clooney, во адаптацијата на Steven Soderbergh на романот Out of sight на Elmore Leonard. Играјќи како заменик федерален маршал кој се вљубува во осуденик, Лопес доби многу позитивни критки и воедно стана и првиот глумец од латинско потекло кој заработил повеќе од 1.000.000 долари за улога во филм. Во истата година, нејзин беше гласот за Azteca во компјутерски - анимираниот филм Antz. Потоа се појави заедно со Vincent D'Onofrio, во психолошкиот трилер Cell. Таа го играше детскиот психолог Catherine Deane, кој ja користи виртуелната реалност за да влезе во главите на своите пациенти и да ги разбуди од кома. Филмот имаше премиера во август 2000 година и успех на благајните искачувајќи сè до првото место. Следната година, Лопес паузираше со глумецството во филмовите, со цел да работи на нејзината музичка кариера
Во 2001 година, се појави заедно со Matthew McConaughey во романтичната комедија Wedding Planner. Филмот дебитираше на прво место, правејќи ја првата глумица и пејачка во историјата која истовремено зад себе има филм и албум на прво место на табелите (албумот J.LO беше на прво место во истата таа недела). Нејзината следна улога беше во натприродната романса Angel eyes ( 2001) и во психолошкиот трилер Enough (2002). И двaтa не успеајa кај публиката, а исто така имаа и негативни критики. Таа се појави заедно со Ralph Fiennes во романтичната комедија Maid in Manhattan (2002). Нејзиниот лик, Marisa Ventura е самохрана мајка која живее во Бронкс заработувајќи како чистачка во супер-луксузен хотел на Менхетен, во која се заљубува еден политичар. Maid in Manhattan беше хит на благајните заработувајќи одлично и уште на почетокот се искачи на прво место. New York Times ја спореди приказната од филмот со нејзината песна " Jenny from the Block ", коментирајќи: „Во нејзиниот нов сингл, Jenny from the Block, Џенифер Лопес изјавува дека и покрај нејзиното огромно богатство и светската слава, таа не заборава од каде потекнува."
Некои од нејзините филмови за кои доби позитивни критики се An Unfinished Life и Shall We Dance?. Два независни филмови продуцирани од Лопес имаа добри критики на филмските фестивали: El Cantante на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто и филмот Bordertown на Бриселскиот филмски фестивал. Нејзината скромно успешна филмска кариера го вклучува и филмот Monster-in-law (2005). Сепак, Gigli, ќе стане многу познат по тоа што воопшто не направи некоја голема заработка на кино благајните. Во август 2007 година, Лопес соработуваше со нејзиниот сопруг – пејачот и глумец Марк Ентони, за филмот Еl Cantante. Филмот е на англиски јазик, со креативна употреба на преводи за песни со шпанската лирика. Во 2010 година, таа се појави во романтичната комедија Back up plan.
Ред 25:
== Музичка кариера ==
 
=== 1999-2001: On the 6 и J. Lo ===
 
Деби албумот на Лопес On the 6, кој се однесува на линијата број 6 од метрото на кое таа се возеше, растејќи во Castle Hill, Бронкс, беше објавен на 1 јуни 1999 година и стигна во првите десет на Билборд 200. Албумот се појави на Billboard Hot 100 со синглот број еден, "If you had my love", како и со хитот кој беше во првите десет "Waiting for Tonight". На албумот исто така имаше и песна на шпански јазик, латински ориентираниот дует "No Me Ames" со Марк Ентони (кој подоцна ќе стане нејзин сопруг). Иако "No Me Ames" никогаш не беше пуштен како комерцијален сингл, тој го достигна првото место на U.S. Hot Latin Tracks. На албумот On the 6 гостуваа артисти како: Big Pun и Fat Joe на песната "Feelin' So Good" која имаше умерен успех на Billboard Hot 100. Синглот "Let's get Loud" и ја донесе на Лопес номинацијата за Греми во категоријата "Best Dance Recording" во 2001 година. “Waiting for Tonight” беше номинирана во истата категорија претходната година. "No Me Ames" доби две номинации на Латинските Греми награди во 2000 година – за „Најдобра вокална изведба на поп дуо/група" и „Најдобар спот".
Вториот албум на Лопес, JLo, беше издаден на 23 јануари 2001 година и дебитираше на првото место на Billboard 200. Овој албум беше повеќе урбано ориентиран отколку On the 6. Водечкиот сингл "Love don’t cost a thing", беше нејзин прв сингл кој се најде на прво место во Обединетото Кралство и ја одведе меѓу првите пет на Американската Billboard Hot 100. Потоа следуваше "Play", која ја доведе до нов топ 20 пласман на Billboard Hot 100 и стигна до третото место во Велика Британија. Нејзините следни два синглови беа "I’m real" и "Ain't It Funny", кои брзо го достигаа врвот на топ листите. За да заработи од ова, Лопес побара од The Inc. Recirds (тогаш попознати како Murder Inc.) да направат ремикс од двете песни, во кои беа вклучени рап артистите Ja Rule (за двете) и Caddillac Tah (на ремиксот на "Ain't It Funny"). Двата ремикси стигнаа до број еден на Billboard Hot 100 за неколку недели. Таа го реиздаде J.Lo на нејзиниот триесет и втори роденден со ремиксот на "I’m real", како бонус трака. Исто така, заради претходниот успех на Que Ironia во 2001 година, во Шпанија беше издадена и Si Ya Se Acabó. Истата година Лопес настапи на турнејата на Let's get Loud на концерт во Порторико
 
=== 2002-062002–06: J to thе L-O!, This Is Me... Then и Rebirth ===
 
Следејќи го успехот на ре-изданието на Ј Lo, Лопес одлучи да го ре-издаде целиот албум под наслов: J to tha L-O!: The Remixes, на 5 февруари 2002 година. Овој албум дебитираше на прво место на Billboard 200, станувајќи првиот ремикс албум во историјата кој дебитирал на врвот на табелите. Други артисти кои гостуваат на овој албум се: P. Diddy, Fat Joe и Nas, а на самиот албум имаше и танц и хип-хоп ремикси на синглови од минатото. Тоа е четвртиот најпродаван ремикс албум во историјата, после Blood on the Dance Floor: HIStory in the Mix на Michael Jackson, Love на The Beatles и You can dance на Madonna.
Ред 36:
По една година оддалеченост од музичката сцена, Лопес го издаде нејзиниот четврти студиски албум, Rebirth, на 1 март 2005 година. Иако дебитирајќи и појавувајќи се на второ место на Билборд 200, албумот брзо испадна од топ листите. Потоа следуваше хитот "Get right", кој стигна во првите петнаесет во САД и стана нејзиниот втор хит со платинест тираж (по "If you had my love"). "Get right" исто така беше успешен во Велика Британија, со што стана нејзиниот втор број еден сингл таму. Вториот сингл, "Hold You Down", во кој учествуваше Fat Joe, стигна до број шеесет и четврто место на the U.S. Hot 100; го достигна шестото место во Велика Британија и стигна до првите дваесет во Австралија. Песната, "Cherry Pie" беше закажана да се издаде кон крајот од 2005 година, но плановите да се сними спот беа променети. Беше пуштена на радио станиците во Шпанија. Rebirth доби платинест тираж во САД. Потоа Лопес гостуваше на синглот на LL Cool J, "Control Myself", кој беше објавен на 1 февруари 2006 година. Го достигна четвртото место на Американската Billboard Hot 100 и второто на списокот на синглови во Велика Британија. Тоа беше прв пробив на Лопес во топ 10 во САД после три години. Rebirth најмногу имаше успех во Велика Британија, каде севкупно повеќето од нејзините синглови успеваа да се пробијат во топ пет.
 
=== 2007-082007–08: Como Ama Una Mujer и Brave ===
 
Лопес официјално го издаде нејзиниот прв албум на шпански јазик, Como Ama una Mujer, во март 2007 година. Нејзиниот сопруг, пејачот Марк Ентони, беше продуцент на албумот, заедно со Estefano, освен за "Que Hiciste", за која песна Ентони беше ко-продуцент со Julio Reyes. Албумот го достигна десеттото место на Билборд 200 и четири недели го задржа првото место на U.S. Top Latin Albums, како и седум последователни недели на U.S. Latin Pop Albums. Албумот добро помина и во Европа, наоѓајќи се на трето место на листите, што главно се должи на големиот успех во земјите како Швајцарија, Италија, Шпанија, Франција, Белгија, Грција, Германија, Австрија и Португалија. На 24 јули 2007 магазинот Billboard објави дека Лопес и сопругот Марк Ентони ќе настапуваат на заедничка светска турнеја наречена "Juntos en Concierto" со почеток на 29 септември во Њу Џерси. Билетите започнаа да се продаваат на 10 август. Турнејата беше мешавина од нејзината актуелна музика, постари нумери и шпанскa музика. Во подоцнежните соопштенија за печатот, Лопес објави детален план за маршутата. Турнејата започна на 28 септември 2007 година на Mark G. Etess арената и заврши на 7 ноември 2007 во American Airlines арената во Мајами, Флорида. Водечкиот сингл, "Que Hiciste" беше (шпански превод на "What did you do"), официјално пуштен на радио станиците во јануари 2007 година. Оттогаш, тој сингл го достигна својот врв како 86 пласиран на Американската Billboard Hot 100 и прво пласиран на Hot Latin songs и Hot Dance Club Play. Исто така се проби во првите десет на европските листи. Спотот за песната е првиот спот на шпански јазик кој ќе се појави на прво место на Total Request Live daily countdown на MTV. Вториот сингл е наречен "Me Haces Falta", а третиот "Por Arriesgarnos". Лопес победи на Американските музички награди, во категоријата Омилен латински артист во 2007 година. Со Como Ama Una Mujer, Џенифер Лопес е една од ретките изведувачи кој дебитирал на топ 10 на Billboard 200 со шпански албум.
Лопес го издаде нејзиниот петти студиски албум на англиски јазик (шести севкупно) Brave, на 9 октомври 2007 година, по шест месеци излезе Komo ama una Mujer. Таа соработуваше со продуцентите Midi Mafia, J. R. Rotem, Lynn и Wade и Ryan Tedder, а Rotem на некои траки соработуваше со својот партнер Evan "Kidd" Bogart. Претходно, на 26 август 2007 година, ABC, премиерно објави промотивен клип за четвртата сезона на серијата Desperate Housewives, на кој има дел од песната " Mile In These Shoes". "Do It Well" беше водечки сингл и стигна до топ 20 во многу земји. "Hold It, Don't Drop It" беше издаден како втор сингл, само во некои европски земји. Третиот сингл беше насловен Brave и дури иако беше објавено на официјалното мрежно место на директорот Michael Haussman дека снимањето на спотот е завршено, сепак неговата промоција не се случи, најверојатно поради ниската продажба на албумот.
 
=== 2009 - до денес: Love? ===
 
За време на нејзината бременост во 2007 Лопес го пишуваше нејзиниот седми студиски албум, Love? со цел да биде издаден во летото 2010 година. Има соработки со Danja, Jim Jonsin, Darkchild, Chris n Teeb (од Dropzone), Tricky Stewart, The-Dream, D'Mile Mike Caren, Jean Baptiste и The Neptunes. Песната со наслов "Fresh Out The Oven" во кој учествуваше раперот од Мајами, PitBull се појави онлајн во октомври 2009 година, но нејзината издавачка куќа рече дека едноставно тоа е сингл со кој сака да се привлече внимание. Од тогаш го зазеде врвот на Hot Dance Club табелата. Официјалниот сингл на овој проект, "Louboutins", имаше свое радио деби на 23 ноември 2009 година, по премиерата на песната и изведбата на Американските музички награди. Песната само успеа да влезе во Hot Dance Club Play листата шест недели по пуштањето и да стигне до првото место, сепак, не успеа да влезе на било која листа, вклучувајќи ги и Billboard Hot 100. Кон крајот на февруари 2010 година, беше потврдено дека Лопес и Epic Records ја прекинаа соработката. Менаџерот на Лопес, Benny Medina ја потврди веста велејќи: „Џенифер имаше прекрасен однос со Sony Music Group и тие споделија многу успеси заедно, но време беше да се направи промена која најдобро ќе служи на правецот на нејзината кариера како глумица и артист кој снима музика, таа е многу благодарна кон сите во Sony за сè што остварија заедно."