Контраендорфин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 6:
* ''Контраиницијации'': Во овој дел, Стојковиќ раскажува за една дамнешна средба со Миро Главуртиќ кого Иво Андриќ го посочувал како човекот кој постојано му правел сплетки. Главуртиќ говорел за противречната и сложена природа на Андриќ — за неговата дипломатска дејност, за кокетирањето со различни политички струи, за пикантериите од неговиот приватен живот, како и злоупотребата на Андриќевите дела во разгорувањето на српскиот [[Национализам|национализам]] и тогаш дошло до голема кавга меѓу Стојковиќ и Главуртиќ. Исто така, Стојковиќ ја изложува теоријата на Кангилем според која луѓето на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] лачат посебен ензим - контраендорфин кој е одговорен за нивната свирепост. Во таа смисла, Стојковиќ раскажува како во 1986 година запднал во национална ефурорија, но во последен миг се освестил, а потоа, за да избега до грубата стварност, во периодот од 1989 до 1999 година станал [[Алкохолизам|алкохоличар]]. Тогаш, Стојковиќ ја прифатил тезата дека Андриќевите дела претставувале духовна основа на воените судири во [[Југославија]]. Во продолжение, Стојковиќ раскажува за напуштањето на Париз и враќањето во татковината во 1971 година. Тогаш, нему му била присилно доделена Октомвриската награда на [[Белград]], а тој бил огорчен од состојбата во југословенската ликовна сцена, особено потсмевајќи ѝ се на [[концептуална уметност|концептуалната уметност]]. Најпосле, Стојковиќ раскажува за средбата со сликарот Ера Миливојевиќ за кого сфатил дека ја поседува тајната на уметничкото мајсторство. Откога завршува со раскажувањето, Стојковиќ му покажува на Калоперовиќ две свои слики (единствените кои не ги запалил), а потоа нив ги фрла во огнот.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 77-161.</ref>
* ''Метафизика на евродизелот'': За време на двата часа Стојковиќ додека му ја раскажува својата животна приказна, Калоперовиќ запаѓа во [[Анафилактички шок|анафилактички шок]], а потоа и во алкохолен [[Делириум|делириум]], поради што со амбулантно возило е пренесен во Институтот за ментално здравје. По неколку дена, тој е отпуштен од болницата и додека бесцелно шета по улиците на градот, сè уште има [[Халуцинација|халуцинации]] поврзани со Ѓилас. Истовремено, тој се присетува на долгогодишното дружење со Стојковиќ. По смртта на Стојковиќ, на Калоперовиќ почнува да му се влошува здравјето поради проблемите поврзани со [[Крвоток|крвотокот]]. Истовремено, со парите кои му ги оставил Стојковиќ со [[Тестамент|тестаментот]] (184 000 [[Евро|евра]]), Калоперовиќ купува куќа во едно село во [[Срем]], каде што се преселува. Исто така, тој купува и автомобил, [[Опел Астра|Опел Астра]] при што е опседнат со потрошувачката на гориво. Откако дознава за смртта на својот пријател, црногорскиот писател [[Миодраг Вуковиќ (писател)|Миодраг Вуковиќ]], Калоперовиќ пишува предговор за збирката собрани раскази на Вуковиќ, но пишувањето му оди бавно и мачно.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 162-218.</ref>
* ''Samsung Galaxy J5'': Во декември 2017 година, Калоперовиќ ја запознава д-р Санда В., читателка на неговите дела која е восхитена од ликот на Стојковиќ. Калоперовиќ ѝ раскажува за дружењето со Стојковиќ, кој го обвинувал дека е виновен за смртта на повеќе српски сликари. Од друга страна, д-р Санда му раскажува на Калоперовиќ за судбината на нејзиниот татко, кој во втората половина на 1980-тите западнал во српскиот национализам, а потоа бил убиен во српско-хрватските воени судири.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 219-289.</ref>
 
== Наводи ==