Википедија:Селска чешма: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
→‎Предлог: нова секција
Ред 204:
:Во право си, незнам како го немам забележано ова до сега. Решението веќе го кажа - преместување на сите вакви страници во друг именски простор (Википедија или Шаблон). Истото треба да се направи и за статиите на денешен ден. --[[User:Misos|Милош]] <small>([[User talk:Misos|разговор]])</small> 13:22, 11 јануари 2009 (UTC)
::Сега како да правиме? Наместо <tt>Главна страница / избрана статија / 2007 / седмица 49</tt> во <tt>Википедија:Избрана статија/2007/49</tt>? Може ли овој формат? И плус тоа, ќе ни бидат потребни волонтери кои ќе сакат да се нафанат за оваа работа оти станува збор за многу страници. По можност, сисопи за автоматски да ги бришат оригиналните страници. Заинтересирани? --[[Корисник:Brainmachine|Brainmachine]]<sup>[[Разговор со корисник:Brainmachine|wtf?]]</sup> 17:48, 11 јануари 2009 (UTC)
 
== Предлог ==
 
Здраво на сите. Ми има упаднато во очи големата оскудност на фотографии и други илустрации за македонските статии во македонската и во другите Википедии. Бидејќи на нет има вистинско изобилство, претпоставувам дека проблемот за нивна употреба во Википедија лежи во обезбедување/докажување на авторските права.
 
Активен сум на форумот www.build.com.mk/forum/ каде има навистина огромен број фотографии од македонските градови, села, природни убавини, културни богатства, инфраструктурата, поединечни објекти... а кои фотографии ги имаме направено неколку членови на форумот кои сме спремни да ги ставиме на располагање на Википедија. Дополнително на тоа што може да се најде на форумот, имаме плус доста необјавени материјали, а бидејќи доста се движиме со апарати во рака, би можеле и „по нарачка“ да правиме фотографии за потребите на Википедија кога ќе сме во можност.
 
Размислував како најефикасно би се изорганизирало сето тоа и предлагам ние на форумот да отвориме посебна нишка за комуникација со уредувачи на Википедија во која било кој уредувач би можел да го побара токму тоа што му треба и веднаш би ги добивал материјалите во оргинална чиста форма или пак доколку со такви материјали не се располага би се мобилизирале членовите дополнително да ги обезбедат.
 
Како ви се чини идејава?
 
Поздрав,
Александар