Контраендорфин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 5:
* ''Микрофонија'': На 12 декември 2009 година, непосредно пред смртта, познатиот сликар Десимир Стојковиќ му ја раскажува животната приказна на неговиот другар Калоперовиќ: За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] бил сведок на масовните стрелања кои ги извршувала германската армија во [[Ужице]], а непосредно по војната, стрелањата продолжиле, но овојпат организирани од новата власт. Притоа, Стојковиќ раскажува за улогата на [[Милован Ѓилас]] во повоените стрелања, а покрај тоа, ги искажува своите критички размислувања и за повоениот југословенски културен живот, но и за политичкиот живот, воопшто. Во тие рамки, тој ги прераскажува своите разговори со познатиот писател [[Иво Андриќ]] во кои двајцата ја коментирале бедната состојба на тогашната книжевна сцена. Понатаму, Стојковиќ раскажува за својот престој во [[Париз]], каде се дружел со [[Филозоф|филозофот]] и лекарот Жорж Кангилем, кој бил толку восхитен од сликата на Стојковиќ, „Снежана и седумте џуџиња“, што побарал посебна дозвола да ја набљудува од научна гледна тоа. Потоа, Кангилем му ги изложил на Стојковиќ своите размислувања за повеќе прашања, како: [[Левица (политика)|левичарството]], сличноста на [[Фашизам|фашизмот]] и [[Антифашизам|антифашизмот]], улогата на современата [[Медицина|медицина]], значењето на [[Ензим|ензимите]] во формирањето на националните разлики итн.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 11-76.</ref>
* ''Контраиницијации'': Во овој дел, Стојковиќ раскажува за една дамнешна средба со Миро Главуртиќ кого Иво Андриќ го посочувал како човекот кој постојано му правел сплетки. Главуртиќ говорел за противречната и сложена природа на Андриќ — за неговата дипломатска дејност, за кокетирањето со различни политички струи, за пикантериите од неговиот приватен живот, како и злоупотребата на Андриќевите дела во разгорувањето на српскиот [[Национализам|национализам]] и тогаш дошло до голема кавга меѓу Стојковиќ и Главуртиќ. Исто така, Стојковиќ ја изложува теоријата на Кангилем според која луѓето на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] лачат посебен ензим - контраендорфин кој е одговорен за нивната свирепост. Во таа смисла, Стојковиќ раскажува како во 1986 година запднал во национална ефурорија, но во последен миг се освестил, а потоа, за да избега до грубата стварност, во периодот од 1989 до 1999 година станал [[Алкохолизам|алкохоличар]]. Тогаш, Стојковиќ ја прифатил тезата дека Андриќевите дела претставувале духовна основа на воените судири во [[Југославија]]. Во продолжение, Стојковиќ раскажува за напуштањето на Париз и враќањето во татковината во 1971 година. Тогаш, нему му била присилно доделена Октомвриската награда на [[Белград]], а тој бил огорчен од состојбата во југословенската ликовна сцена, особено потсмевајќи ѝ се на [[концептуална уметност|концептуалната уметност]]. Најпосле, Стојковиќ раскажува за средбата со сликарот Ера Миливојевиќ за кого сфатил дека ја поседува тајната на уметничкото мајсторство. Откога завршува со раскажувањето, Стојковиќ му покажува на Калоперовиќ две свои слики (единствените кои не ги запалил), а потоа нив ги фрла во огнот.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 77-161.</ref>
* ''Метафизика на евродизелот'': Откако во текот на два часа Стојковиќ му ја раскажувал својата животна приказна, Калоперовиќ западнал во [[Анафилактички шок|анафилактички шок]], а потоа и во алкохолен [[Делириум|делириум]], поради што со амбулантно возило бил пренесен во Институтот за ментално здравје. По неколку дена, тој бил отпуштен од болницата и додека бесцелно шетал по улиците на градот, тој сè уште имал [[Халуцинација|халуцинации]] поврзани со Ѓилас. Истовремено, тој се присетувал на долгогодишното дружење со Стојковиќ. Околу два месеца поПо смртта на Стојковиќ, на Калоперовиќ почнало да му се појавилевлошува издравјето здравственипоради проблемипроблемите поврзани со [[Крвоток|крвотокот]]. Истовремено, со парите кои му ги оставил Стојковиќ со [[Тестамент|тестаментот]] (184 000 [[Евро|евра]]), Калоперовиќ купил куќа во едно село во [[Срем]], каде што се преселил. Исто така, тој купил и автомобил, [[Опел Астра|Опел Астра]] при што бил опседнат со потрошувачката на гориво.<ref>Svetislav Basara, ''Kontraendorfin'' (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021, стр. 162-218.</ref>
* ''Samsung Galaxy J5''