Ѓоце Стојчевски - Амбарче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 0 sources and tagging 1 as dead.) #IABot (v2.0.8
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
Амбарче е роден во [[Тетово]] на [[26 ноември]] [[1919]] година во повеќечлено занаетчиско семејство од татко Илија и мајка Менча. По завршувањето на основното училиште, иако надарен ученик, поради лошата материјална состојба во семејството, Ѓоце го напуштил училиштето и останал да му помага на татка си во волновлачарницата, посетувајќи го притоа занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење. Бил библиотекар во [[Библиотека „Кочо Рацин“ - Тетово|локалната библиотека]], секретар на Месниот комитет на [[КПЈ]] и учесник во НОД во [[1941]] година.
 
Во [[НОАВМ]] бил политички комесар на [[Шарпланински партизански одред|Шарпланинскиот партизански одред]] во [[1943]] година. Во борбата со [[балисти|балистички сили]] кај с. [[Шипковица]] во [[1943]] бил ранет, заробен и спроведен во затворот во [[Тирана]]. По капитулацијата на [[Италија]] избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во [[Масакр во Беличица|борбата кај селото Беличица]] и бил прогласен за [[Орден на народен херој|Народен херој на Југославија]] на 11 октомври 1953 година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 353</ref>
 
Во негов спомен тетовскиот [[СУ "Гоце Стојчевски" - Тетово|хемиско-текстилен училишен центар]] го носи неговото име.
 
[[Спомен-куќа на Ѓоце Стојчевски|Спомен-куќата на Стојчевски]] е прогласена за [[културно наследство на Македонија|значајно културно наследство на Македонија]].<ref>{{УЗКН|број=238|назив=Спомен-куќа на народниот херој Ѓоце Стојчевски - Амбарче}}</ref>
 
== Наводи ==