Минхаузенов синдром: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Ризични фактори: clean up and re-categorisation per CFD, replaced: Ризик фактор → Ризичен фактор, зичен фактори → зични фактори
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
}}
[[Податотека:Dore-munchausen-illustration.jpg|мини|десно|[[Барон Минхаузен]] - германски [[барон]] според кој е именуван овој [[синдром]], за кој се мисли дека бил најголемиот лажго во историјата на човештвото ]]
'''Минхаузенов синдром''' — сериозно умественоумствено пореметување кое што кај [[личност]]а што има многу голема и длабока потреба за внимание се преправа дека е болна или намерно се разболува или повредува. Луѓето коишто патат од Минхаузеновиот синдром можат да измислат симптоми, да иницираат ризични активности или да пробаат да ги фалсификуваат лабораториските тестови со цел да добијат симпатија и загриженост кон себе.<ref>{{Наведено списание|author=Krahn LE, Bostwick JM, Stonnington CM |title=Looking toward DSM-V: should factitious disorder become a subtype of somatoform disorder? |journal=Psychosomatics |volume=49 |issue=4 |pages=277–82 |year=2008 |pmid=18621932 |doi=10.1176/appi.psy.49 април 277 |url=}}</ref>
 
Минхаузеновиот синдром се наоѓа во групата на состојби, наречени фикциони пореметувања (измислени пореметувања). Фикционите пореметувања можат да бидат од [[Психологија|психолошки]] или физички карактер. Минхаузеновиот синдром се наоѓа во групата на најтешки и хронични физички форми на фикционите пореметувања. Синдромот е многу мистериозен и многу тешко се лекува.<ref>{{Наведена книга | title=Essentials of psychiatry | publisher=John Wiley & Sons, Ltd|author=Jerald Kay and Allan Tasman | year=2006 | pages=680 | isbn=0-470-01854-2}}</ref> Сепак, [[Медицинска нега|медицинската помош]] е критична во превенцијата на сериозни повреди, па дури и смртни последици настанати како причина на самоповредување, што е карактеристика типична за Минхаузеновиот синдром.
 
==Симптоми==
Симптомите на синдромот цело време се фокусираат на измислување или продукција на [[болест]] или повреда со цел да се задоволат длабоките [[Емоција|емоционални]] потреби. Луѓето коишто страдаат од овој синдром во голема мера се обидуваат да ја сокријат својата лажна состојба, па така понекогаш е многу тешко да се открие дека нивните симптоми се всушност дел од сериозното ментално пореметување.
 
Минхаузеновиот синдром не се поклопува со измислувањето на медицински проблеми со цел да се оствари некоја придобивка, како на пример земањето на слободен [[ден]] од [[работа]]. Исто така, не се поклопува ниту со хипохондријата[[хипохондрија]]та, бидејќи луѓето коишто страдаат од [[хипохондрија]] навистина веруваат дека се болни, додека луѓето коишто го имаат Минхаузеновиот синдром не се болни, но сакаат да бидат болни.<ref>{{Наведена книга | title=Kaplan & Sadock's Comprehensive Textbook of Psychiatry (2 Volume Set) | publisher=Lippincott Williams & Wilkins Publishers | author=Benjamin J. Sadock (Editor), Virginia A. Sadock (Editor) | year=7th edition (January 15, 2000) | pages=3172 | isbn=0683301284}}</ref>
 
Симптомите на Минхаузеновиот синдром може да вклучат:
Ред 36 ⟶ 37:
*Расправање со персоналот во [[болница]]та
*Чести барања за лекови против болка или други лекарства.
 
===Како луѓето со Минхаузеновиот синдром ја глумат болеста===
Поради тоа што луѓето со овој синдром стануваат експерти во глумење на симптомите и болестите или пак се самоповредуваат, понекогаш е многу тешко за докторите и нивните блиски да дознаат дали нивната болест е реална или не.
Ред 45 ⟶ 47:
*'''Не го дозволуваат зараснувањето на раните'''. Повторно ја отвораат залечената рана.
*'''Манипулација'''. Можат да ги злоупотребат медицинските инструменти за да покажат други резултати, како што е на пример загревање на топломерот. Исто така, можат и да ги загадат своите примероци од урина наменети за лабораториско тестирање со крв или други субстанци.
 
==Причини==
Причините за појава на Минхаузеновиот синдром не се познати. Но, можно е луѓето коишто го имаат овој синдром да имаат искусено многу тешки вистински заболувања во младоста или пак да биле емоционално или физички злоупотребувани.
 
===Ризични фактори===
Неколку фактори можат да ја стават поединецот на повисок ризик за развивање на Минхаузеновиот синдром. Тие вклучуваат:
Ред 59 ⟶ 63:
 
Минхаузеновиот синдром се смета дека е редок, но не се знае колку луѓе го имаат ова пореметување. Некои користат лажни имиња со цел да ги сокријат трагите, некои посетуваат многу различни [[болница|болници]] и доктори, додека некои воопшто не можат ни да се пронајдат. Поради сето тоа, многу е тешко да се постави некоја естимација. Повеќе мажи од жени се дијагностицирани со минхаузеновиот синдром и тој е најчест помеѓу младите и средовечните возрасни личности.
 
==Компликации==
Луѓето коишто страдаат од Минхаузеновиот синдром имаат толку длабоки емоционални потреби што сакаат и да го ризикуваат својот [[живот]] само за да бидат видени во [[очи]]те на другите дека се болни. Исто така, често имаат и други ментални пореметувања. Како резултат на сето ова, се соочуваат со многу компликации, вклучувајќи:
Ред 67 ⟶ 72:
*Финансиски проблеми
*Големи проблеми во секојдневниот живот, врските и работата
 
==Тестови и дијагнози==
Дијагностицирањето на Минхаузеновиот синдром честопати е екстремно тешко. Луѓето коишто страдаат од овој синдром се експерти во глумењето на многу различни болести и состојби. Честопати имаат и вистински медицински проблеми коишто можат да бидат опасни по животот иако тие можат да бидат намерно предизвикани.
Ред 84 ⟶ 90:
*Мотивација личноста да биде перцепирана како болна
*Мотивацијата не е цел за да се оствари некоја финансиска или друг вид на добивка
 
==Третмани и лекарства==
Третманот на Минхаузеновиот синдром е тежок и не постојат стандардни терапии за ова пореметување. Поради тоа што луѓето кои страдаат од овој синдром сакаат да бидат во улогата на болни, честопати не сакаат да побараат третман. Сепак, ако кон личноста правилно се пристапи, таа може да се сложи да биде третирана од страна на [[психијатар]].
Ред 90 ⟶ 97:
 
Лекарствата можат да се користат за лекување на другите ментални пореметувања коишто исто така се присутни како што се депресијата или [[анксиозност]]а. Во многу од случаите, може да биде неопходна привремена хоспитализација во психијатриска установа.<ref>Johnson BR, Harrison JA. Suspected Münchausen syndrome and civil commitment. J Am Acad Psychiatry Law. 2000; 28:74-76.</ref>
 
===Животен стил и домашни лекарства===
Пребродувањето на Минхаузеновиот синдром е тешко. За оние коишто се способни да преземат чекори кон подобрувањето на состојбата, следните насоки можат да им бидат од помош:
Ред 97 ⟶ 105:
*Не трчајте по нови доктори. Спротивставете и се на потребата да најдете нов доктор или да се преселите во нов [[град]], каде што медицинските лица не ја знаат вашата [[историја]]. Психотерапевтот може да ви помогне да ги надминете тие моќни потреби.
*Поврзете се со некого. На многу луѓе коишто страдаат од Минхаузеновиот синдром страдаат и од немањето на пријателства и други видови на врски. Пробајте да најдете некого со кого ќе можете да се дружите, да споделувате забавни нешта како и да му ја понудите вашата помош и поддршка.
 
==Превенција==
Поради тоа што причините за појава на Минхаузеновиот синдром се непознати, не постои начин за [[превенција]] на ова пореметување. Сепак, ако вашето дете е лекувано од некоја сериозна болест, внимавајте да не ја преувеличувате неговата улога како болно лице или пак вашата улога како пружател на нега.
 
Зборувајте со докторот на вашето дете по однос на тоа кои се реалните очекувања коишто детето може да ги постигне на ментален и физички план и поддржете го детето во самостојното изведување на очекувањата. Со овој пристап, можете да помогнете вашето дете да има долготрајно добро ментално здравје.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
==Надворешни врски==
{{Medical resources
Ред 121 ⟶ 132:
*[http://www.guardian.co.uk/lifeandstyle/2011/feb/26/faking-illness-online-munchausen Sick note: Faking illness online] - за „Минхаузеновиот синдром на интернет“. ''[[The Guardian]]'', 26 февруари 2011
 
[[Категорија:БолестиДушевни болести]]
[[Категорија:ПсихологијаПсихопатологија]]
[[Категорија:Синдроми]]