Хеџ фонд: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Опис: дополнување
Ред 3:
 
==Опис==
Првиот хеџ фонд бил ''A.W.Jones & Co.'', создаден од Алфред Винслоу Џоунс (''Alfred Winslow Jones'') во 1949 година. Тој бил регистриран како друштво со ограничена одговорност со цел да се избегне регулацијата на американската [[Комисија за хартии од вредност (САД)|Комисија за хартии од вредност]]. Фондот функционирал така што Џоунс комбинирал со долги позиции во екциите за кои сметал дека се потценети со куси позиции во преценетите акции. На инвеститорите им наплаќал провизија во износ од 20% од остварениот профит. Фондот остварувал добри резултати, а во 1966 година, во една статија објавена во весник, фондот бил наречен хеџ фонд. Подоцна се појавиле и други хеџ фондови, создадени од [[Џорџ Сорос]] (''George Soros''), [[Волтер Шлос]] (''Walter J. Schloss'') и [[Џулијан Робертсон]] (''Julian Robertson'') кои се сметаат за пионери на хеџ фондовите. Хеџ фондовите забележале огромен раст во [[21 век]], а тоа се должи на фактот дека тие се малку регулирани. Во светот постојат над илјада хеџ фондови кои управуваат со средства во вкупна вредност поголема од 2 000 милијарди [[долар]]и (во 2014 година). Многу од нив се регистрирани во [[Даночен рај|даночните раеви]]: 30% од хеџ фондовите имаат седиште на [[Кајмански Острови|Кајманските Острови]].<ref>John C. Hull, ''Risk Management and Financial Institutions'' (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 79-80.</ref>
 
Хеџ фондовите забележале огромен раст во [[21 век]], а тоа се должи на фактот дека тие се малку регулирани. Во светот постојат над илјада хеџ фондови кои управуваат со средства во вкупна вредност поголема од 100 милијарди [[долар]]и. Основната разлика меѓу нив и инвестициските фондови се состои во тоа што клиенти на хеџ фондовите се богатите поединци, обично оние со средства над еден милион долари. Освен тоа, хеџ фондовите имаат статус на еден вид приватни партнерства со најмногу 100 членови. Токму поради нивниот приватен карактер, хеџ фондовите во голема мера се нерегулирани, зашто се претпоставува дека поединците кои инвестираат во овие фондови имаат можност самите да ја надгледуваат нивната работа. Оттука, за овие фондови не важат вообичаените регулаторни ограничувања кои важат за инвестициските фондови во поглед на задолженоста, концентрацијата на средствата и кусата продажба. Исто така, и раководењето со хеџ фондовите значително се разликува во споредба со инвестициските фондови: на пример, менаџерите на овие фондови го инвестираат своето богатство во фондовите со кои раководат; исто така, повеќето хеџ фондови им нудат на менаџерите голема заработка (најчесто, [[менаџер]]ска провизија од 1% и 14% од остварениот [[профит]] под услов да се оствари определено минимално ниво). Се смета дека овие два фактори се причините поради кои хеџ фондовите остваруваат подобри резултати од обичните инвестициски фондови, иако истражувањата покажуваат дека тие не се подобри од [[берзански индекс|берзанските индекси]]. Благодарение на големата задолженост и на ризичните вложувања, некои хеџ фондови успеваат да остварат високи профити, кои во некои години дури биле трицифрени. Меѓутоа, познати се и случаи на големи неуспеси на ваквите фондови, а најпознат е случајот со пропаста на славниот фонд ''Long-Term capital Management'' во 1999 година, иако со фондот раководеле најпознатите трговци со [[хартии од вредност]] на [[Волстрит]] и кој ги користел советодавните услуги на познатите економисти [[Мајрон Шоулс]] и [[Роберт Мертон]].<ref>J. Ashok Robin, ''International Corporate Finance''. New York: McGraw-Hill/Irwin, 2011, стр. 407-408.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хеџ_фонд