Свети Кипријан Слепченски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Житие: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Kи → Ки
дополнување - канонизација, надворешни врски, изменета категоризација
 
Ред 26:
}}
 
'''Свети маченик Кипријан Слепченски''' — [[Македонци|македонски]] [[православие|православен]] [[светител]] од времето на [[Отоманска Македонија|турското владеење во Македонија]]. Според досегашните научни сознанија се знае дека Кипријан служел во [[Манастир „Св. Јован Претеча“ - Слепче|манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Слепче]], и дека маченички се упокоил на [[Велигден]] во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години. Игуменот[[Игумен]]от Кипријан бил погребан во дворот на црквата во [[Слепче (Демирхисарско)|Слепче]]. Во рамките на подготовките за кантонизација на игуменот, се испитува дали овој новомаченик водел потекло од слепченскиот крај. Досега не постои пишан документ за неговото место на раѓање. Во тек е изработката на неговата [[икона]] што се изработува во сестринското ателје на манастирот Слепче.<ref>[http://religija.mk/mpc-odluchi-sveti-kiprijan-slepchenski-ke-bide-proglasen-za-svetec-vo-april/ МПЦ ОДЛУЧИ: Свети Кипријан Слепченски ќе биде прогласен за светец во април]</ref>
== Житие ==
 
== Житие ==
За маченичката смрт на Кипријан има вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник [[Висарион Дебарски]]. Во вметнатиот запис на непознатиот автор пишува дека во 1780 година „''среде лето се стори скапија, пченицата помина килото дванаисет гроша, а хршта помина килото осом гроша и раната за имајнето се стори скапа, сеното помина по три''.“ Во записот понатаму е напишано дека [[Турци]] го ограбиле манастирот во Слепче и го спалиле игуменот. Записот наведува:
 
Ред 35:
Запишано е дека арамиите при грабежот од манастирот украле и свети мошти со сребрена кутија, која чинела 120 гроша, три икони, бакар, руба и се што пронашле во храмот однеле во тогашниот Монастир ([[Битола]]). Записот е значаен не само од историски аспект, туку и од јазичен, зашто бил напишан на македонски народен говор од централно македонско наречје. Денес, Висарионово „Четвороевангелие“ се наоѓа во Народната библиотека во [[Белград]], [[Србија]] под број Рс 102. Манастирот во Слепче бил познат книжевен и преведувачки центар. Овде книжевната дејност се појавила во [[11 век]] и осум века се создавале вредни ракописи. За жал, овој вреден скрипториум бил разграбан во [[19 век]] и ракописите однесени во [[Русија]], [[Србија]], [[Бугарија]] и на други места.
 
==Канонизација==
== Поврзано ==
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква на редовна седница одржана на 24 февруари 2017 година донесе одлука за негова канонизација. Канонизацијата на Свети Кипријан Слепченски се одржала на 30 април 2017 година во [[Манастир „Св. Јован Претеча“ - Слепче|манастирот „Свети Јован Претеча“]] во Слепче, Демир Хисар<ref>{{нмс| title=Канонизиран Св. Мч. Кипријан Слепченски | url=https://mkbibliskazemja.blogspot.mk/2017/05/blog-post.html | work= | publisher=МАКЕДОНИЈА-БИБЛИСКА ЗЕМЈА | date= | accessdate=25 јануари 2022}}</ref>. На канонизација за прв пат беа изложени светите мошти на Свети Кипријан Слепчански кои се чуваат во овој манастир <ref>{{нмс| title=На канонизацијата, првпат ќе бидат изложени моштите на Кипријан Слепчански | url=https://mkbibliskazemja.blogspot.mk/2017/03/blog-post_27.html | work= | publisher=МАКЕДОНИЈА-БИБЛИСКА ЗЕМЈА | date= | accessdate=25 јануари 2022}}</ref>, како и иконата насликана од манастирското сестринство.
 
== Поврзано ==
* [[Манастир „Св. Јован Претеча“ - Слепче]]
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
==Надворешни врски==
* [https://www.youtube.com/watch?v=2aFcCFCwFf4 Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, прв дел] на Јутјуб
* [https://www.youtube.com/watch?v=v3FUoHkY2Y8 Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, втор дел] на Јутјуб
* [https://www.youtube.com/watch?v=3swQuD4-0Ek Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, трет дел] на Јутјуб
* [https://www.youtube.com/watch?v=W157ANTGWuQ Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, четврт дел] на Јутјуб
* [https://www.youtube.com/watch?v=H-z_3SsT1Vo Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, петти дел] на Јутјуб
* [https://www.youtube.com/watch?v=btEdmlnpLiQ Канонизација на Свети Кипријан Слепченски, шести дел] на Јутјуб
 
[[Категорија:Македонски светци|Кипријан Слепченски]]
[[Категорија:Христијански маченици од Македонија]]
[[Категорија:Христијански маченици од 18 век]]
[[Категорија:Македонски светци]]