Расенгул (планински врв): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 18:
 
==Местоположба и одлики==
[[File:Расенгул.jpg|thumb|mini|left|Поглед на врвот Расенгул]]
Расенгул е висок планински врв во јужниот дел на главното планинско било и срт на [[Шар Планина]], кој ја претставува и најјужната точка на планинскиот гребен на огранката Враца, во непосредна близина на двата величествени шарпланински врвови [[Мала Враца|Мала]] и [[Голема Враца]] на север<ref name="Планински врвови" />. Со својата височина од 2.382 метри и карпестиот гребен по сртот, Расенгул го претставува последниот јасно истакнат стрмен и висок врв на Шар Планина, после кој на југ следат последните поблаги и целосно тревнати врвови Фудан, Лера и Морава со кој завршува шарската планинска верига на југ<ref name="Планински врвови">{{Наведена книга|title=Планински врвови во Македонија|last=Шаревски|first=Марио|publisher=Единствена Македонија|year=2021|isbn=978-608-66336-2-2|location=Скопје|pages=147-149}}</ref>. Непосредно на север по сртот од Расенгул се издигнува врвот Мала Враца, на југ е пространата и широка долина Идризова Дупка која продолжува во Аџина Река, кон запад се отвораат високите Горно и Долно Луково Поле со изворишното подрачје на Радика, додека веднаш непосредно на исток е изворот на реката [[Маздрача]]. Веднаш на југ под самиот врв Расенгул помеѓу малиот гребен Венец се наоѓа и постојано ледничко езеро, а пак веднаш на север на подножјето се двете Дефски езера. Непосредно веднаш под самиот врв Расенгул на југ поминува и планинарската патека на првата Западна македонска трансверзала (ЗМТ) водејќи од Шутман и продолжувајќи кон Лера и [[Маврово]]<ref name="Планински врвови" />. Оддалеченоста на врвот Расенгул од попристапните патишта и населени места е многу голема, па најдобра можност за пристап е преку земјените патишта од [[Стрезимир]] во долината на [[Штировица]] и преку Торбешки Мост и Аџина Река на југозапад или од селото Горно Јеловце на југоисток. Глетката од врвот Расенгул ја опфаќа цела [[Шар Планина]], [[Кораб]], [[Дешат]] со [[Крчин]], [[Бистра]], [[Стогово]], [[Сува Гора]], и зад неа планинскиот масив на [[Мокра]] со [[Солунска Глава]] додека на другата страна погледот досегнува и до [[Проклетие]]<ref name="Планински врвови" />.