Економија на САД: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Банкарски систем: дополнување
Ред 13:
 
===Банкарски систем===
Во текот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, бројот на [[Банка|банките]] во САД бил приближно стабилен и се движел помеѓу 13 500 и 14 500. Потоа, пропаѓањата на повеќе банки и меѓусебните спојувања придонесле бројот на банките драстично да се намали на 6 544 во 2010 година.<ref>F. M. Scherer, ''Financial Mergers and Their Consequences'', Harvard University, John F. Kennedy School of Government, 2013.</ref> Структурата на американскиот банкарски систем е резултат на долгогодишните ограничувања во однос на можноста за ширење на банките од една во друга американска држава. Така, во 1927 година бил донесен Мекфејденовиот закон (дополнет во 1933 година) со кој на банките им било забрането да отвораат филијали во повеќе од една сојузна држава, а едниствениот начин за заобиколување на ова ограничување било да се воспостави мултибанкарски холдинг (''multibank holding company''), т.е. друштво кое поседува повеќе подружници-банки. На тој начин, до 1956 година се појавиле 47 банкарски холдинг компании, но потоа бил изменет Законот за банкарски холдинг компании и оваа практика била укината. Од друга страна, за да ги заобиколат новите ограничувања, банките почнале да формираат холдинг компании кои поседувале само една банка, а повеќе небанкарски друштва. Меѓутоа, Законот за банкарски холдинг компании од 1970 година ги ограничил активностите и на ваквите холдинг компании. Сепак, во 1978 година, државата [[Мејн]] им дозволила на банките од другите држави да работат во неа, а потоа, тој пример го следеле и другите држави. Како последица на тоа, меѓудржавните органичувања на банките почнале да исчезнуваат. Во 1994 година бил донесен Ригел-Ниловиот закон за меѓудржавно банкарство и ефикасноста на филијалите (''Riegel-Neal Interstate Banking and Branching Efficiency Act'') кој им дозволил на банкарските холдинг компании да преземаат и отвораат филијали во други сојузни држави. Наспроти големиот борјброј банки, американскиот банкарски систем е многу концентриран: во 2014 година имало само 91 голема банка (со вкупни средства над 10 милијарди долари), но тие учествувале со дури 83% во вкупните средства на американскиот банкарски систем.<ref>John C. Hull, ''Risk Management and Financial Institutions'' (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 26-27.</ref>
 
{| class="wikitable"