Економија на САД: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Пазар на капитал: дополнување
→‎Банкарски систем: дополнување
Ред 13:
 
===Банкарски систем===
Во текот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, бројот на [[Банка|банките]] во САД бил приближно стабилен и се движел помеѓу 13 500 и 14 500. Потоа, пропаѓањата на повеќе банки и меѓусебните спојувања придонесле бројот на банките драстично да се намали на 6 544 во 2010 година.<ref>F. M. Scherer, ''Financial Mergers and Their Consequences'', Harvard University, John F. Kennedy School of Government, 2013.</ref> Структурата на американскиот банкарски систем е резултат на долгогодишните ограничувања во однос на можноста за ширење на банките од една во друга американска држава. Така, во 1927 година бил донесен Мекфејденовиот закон (дополнет во 1933 година) со кој на банките им било забрането да отвораат филијали во повеќе од една сојузна држава, а едниствениот начин за заобиколување на ова ограничување било да се воспостави мултибанкарски холдинг (''multibank holding company''), т.е. друштво кое поседува повеќе подружници-банки. На тој начин, до 1956 година се појавиле 47 банкарски холдинг компании, но потоа бил изменет Законот за банкарски холдинг компании и оваа практика била укината. Од друга страна, за да ги заобиколат новите ограничувања, банките почнале да формираат холдинг компании кои поседувале само една банка, а повеќе небанкарски друштва. Меѓутоа, Законот за банкарски холдинг компании од 1970 година ги ограничил активностите и на ваквите холдинг компании. Сепак, во 1978 година, државата [[Мејн]] им дозволила на банките од другите држави да работат во неа, а потоа, тој пример го следеле и другите држави. Како последица на тоа, меѓудржавните органичувања на банките почнале да исчезнуваат. Во 1994 година бил донесен Ригел-Ниловиот закон за меѓудржавно банкарство и ефикасноста на филијалите (''Riegel-Neal Interstate Banking and Branching Efficiency Act'') кој им дозволил на банкарските холдинг компании да преземаат и отвораат филијали во други сојузни држави. Наспроти големиот борј банки, американскиот банкарски систем е многу концентриран: во 2014 година имало само 91 голема банка (со вкупни средства над 10 милијарди долари), но тие учествувале со дури 83% во вкупните средства на американскиот банкарски систем.<ref>John C. Hull, ''Risk Management and Financial Institutions'' (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 26-27.</ref>
Во текот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, бројот на [[Банка|банките]] во САД бил приближно стабилен и се движел помеѓу 13 500 и 14 500. Потоа, пропаѓањата на повеќе банки и меѓусебните спојувања придонесле бројот на банките драстично да се намали на 6 544 во 2010 година.<ref>F. M. Scherer, ''Financial Mergers and Their Consequences'', Harvard University, John F. Kennedy School of Government, 2013.</ref>
 
{| class="wikitable"
Ред 52:
| 2017 || 4 918
|}
 
[[Финансиска криза 2007–2008|Финансиската криза од 2007 година]] оставила големи последици врз американскиот банкарски систем. Поради пропаѓањето на повеќе банки, во јули 2010 година бил донесен т.н. Дод-Френков закон (''Dodd-Frank Wall Street Reform and Consumer Protection Act'') со кој биле формирани неколку нови агенции за регулација на банкарскиот и на финансискиот систем. Истовремено, со овој закон било забрането банките да тргуваат со хартии од врендост за своја сметка, т.е. било прифатено т.н. Волкерово правило (''Volcker rule'').<ref>John C. Hull, ''Risk Management and Financial Institutions'' (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 27-28.</ref>
 
Во периодот од 1930 до 1933 година, во САД пропаднале околу 10 000 банки. Поради тоа, во 1933 година, САД формирале посебна државна агенција за заштита на малите штедачи — [[Федерална корпорација за осигурување на депозитите|Федералната корпорација за осигурување на депозитите]] (''Federal Deposit Insurance Corporation'', ''FDIC''). На почетокот биле [[Осигурување на депозитите|осигурани само депозитите]] во износ до 2 500 долари, а подоцна овој износ бил зголемен во неколку наврати, а со последните измени од октомври 2008 година, осигурувањето ги покрива [[Депозит|депозитите]] во висина до 250 000 долари по штедач во една банка. Притоа, банките плаќаат премии за осигурување на домашните депозити, а од 2007 година, големината на премиите зависи од капиталот на банката и од оцената на банката добиена од [[Супервизија|супервизорот]]. За добро капитализираните банки, премијата може да изнесува 0,1% од осигурениот износ, а за поткапитализираните банки премијата може да достигне 0,35%. До 1980 година, системот на осигурување на депозитите функционирал добро, но потоа, во следните десет години пропаднале над илјада банки така што резервите не Федералната корпорација сериозно се намалиле и таа морала да позајми 30 милијарди долари од министерството за финансии. Во 1991 година бил донесен Законот за подобрување на Федералната корпорација за осигурување на депозитите (''FDIC Improvement Act'') со цел да спречи таа да стане несолвентна во иднина. Во 2006 година, резервите на Федералната корпорација достигнале 50 милијарди долари, но тие повторно се намалила за време на финансиската криза од 2007 година.<ref>John C. Hull, ''Risk Management and Financial Institutions'' (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 30-31.</ref>
 
== Наводи ==