Татковци и деца: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 5:
* ''Глава 1 - 9''. Николај Петрович Кирсанов е земјопоседник од малото руско село Мариино, на возраст од четириесет и неколку години. Тој е вдовец и син на поранешен [[Генерал|генерал]]. Тој го очекува пристигнувањето на синот Аркадиј, кој треба да дојде во посета на родниот дом. Аркадиј пристигнува во друштво со својот пријател Евгениј Базаров. По пристнувањето во родната куќа, Аркадиј дознава дека татко му живее во вонбрачна врска со младата Феодосија со која има мало дете. Во домот на Кирсанови живее и брат му на Николај, Павле Петрович, кому воопшто не му се допаѓа Базаров поради неговито [[Нихилизам|нихилизам]]. Аркадиј му ја раскажува на Базаров животната приказна на чичко му Павле: Во младоста, тој бил убавец и омилен кај жените, редовен посетител на забавите и [[Офицер|офицер]] кого го чекала успешна кариера. Павле се вљубил во [[Кнез|кнегината]] Р. која била светска дама, но во основа, несреќна жена. Павле успеал да ја освои кнегината Р., но по некое време, таа го напуштила и заминала во странство. Павле заминал по неа и живеел во странство во текот на четири години, а по конечната разделба, тој се вратил во [[Русија]]. Таму, тој живеел несреќен живот, а подоцна дознал дека кнегината умрела. По некое време, тој се преселил на имотот на својот брат каде живеел повлечен живот.<ref>И. С. Тургењев, ''Оцеви и деца''. Београд: Просвета, 1961, стр. 7-53.</ref>
* ''Глава 10 - 19'': Во една прилика доаѓа до остра препирка меѓу Павле, од една страна, и Базаров и Аркадиј, од друга страна. Павле верува во традиционалните вредности, додека Аркадиј и Базаров ги осудуваат заостанатите сфаќања на руската [[Аристократија|аристократија]] и на селанството. Истовремено, и Николај Кирсанов сфаќа дека неговиот син полека се оддалечува од него. Аркадиј и Базаров заминуваат во блискиот град, каде минуваат неколку дена при што посетуваат повеќе луѓе, а на еден бал ја запознаваат убавата и млада вдовица Ана Одинцова. Тие ја посетуваат Одинцова на нејзиниот имот и таму минуваат околу 15 дена при што Аркадиј се вљубува во неа, таа се вљубува во Базаров, а има посебни чувства кон неа. Ана и Базаров често се заедно, а за тоа време, Аркадиј се дружи со помалата сестра на Ана, Катарина. Најпосле, Базаров отворено ѝ ја соопштува својата љубов на Одинцова, но таа е воздржана. Утредента, тој заминува во родниот дом, а нему му се придружуваи Аркадиј.<ref>И. С. Тургењев, ''Оцеви и деца''. Београд: Просвета, 1961, стр. 53-132.</ref>
* ''Глава 20 - 2224'': Таткото на Евгениј, Василиј Иванович Базаров е поранешен воен лекар и ситен земјопоседник. Тој и неговата простодушна жена многу го сакаат синот и со нетрпение го дочекуваат дома. Но, по неколку дена, селскиот живот му станува здодевен на Евгениј и тој одлучува да замине, па двајцата се враќаат на семејниот имот на Аркадиј. Неколку дена подоцна, Аркадиј скришум ја посетува Одинцова. Во меѓувреме, на Базаров почнува да му се допаѓа Феодосија и во една прилика дури ја бакнува, но тоа го здогледува Павле Петрович и го предизвикува Базаров на [[Двобој|двобој]]. Во борбата, Павле е лесно ранет во ногата и утредента Базаров го напушта имотот. Павле полека закрепнува од повредата и го наговара Николај да се ожени со Феодосија.<ref>И. С. Тургењев, ''Оцеви и деца''. Београд: Просвета, 1961, стр. 132-168195.</ref>
 
==Осврт кон делото==