Ликвидност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
* златно правило на билансот на состојбата = постојани средства / (капитал + долгорочни обврски) (овој показател треба да биде помал од еден)
 
Ликвидноста може да се набљудува и од поширок аспект, т.е. како ликвидност на пазарот. Притоа, ликвидноста на пазарот може да се мери на неколку начини: Една вообичаена мерка е распонот (''spread'') меѓу куповните и продажните цени на финансиските инструменти при што распонот може да се изрази или во пари, т.е. продажна цена - куповна цена, или како процент од средната пазарна цена, т.е. (продажна цена - куповна цена) / средна пазарна цена, каде што средната пазарна цена претставува просек меѓу продажната и куповната цена. Слично на тоа, како мерка на ликвидноста на некој пазарен инструмент може да послужи трошокот за ликвидирање (продажба) во нормални пазарни услови, а тој се пресметува така што вредноста на пазарниот инструмент (изразена во пари и пресметана според средната пазарна цена) ќе се помножи со распонот меѓу продажната и куповната цена и сето тоа ќе се подели со 2. Врз таа основа, трошокот на ликвидирање на некое портфолио претставува збир на трошоците за ликвидирање на одделните пазарни иснтрументи кои го сочинуваат портфолиото. Во продолжение, важна мерка на пазарната ликвидност е обемот на тргување, т.е. бројот на трансакции во текот на еден ден. Друга мерка е влијанието на трансакцијата од определена големина врз пазарната цена на финансискиот инструмент или количникот меѓу дневниот принос на пазарниот инструмент (во апсолутна врендност) и врендоста на дневниот обем на тргување.<ref>John C. Hull, ''Risk Management and Financial Institutions'' (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 502-506.</ref> [[Банка на Англија|Банката на Англија]] има развиено индекс на пазарната ликвидност кој се заснова врз три фактори:<ref>Howard Davies and David Green, ''Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking''. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 91-92.</ref>
Ликвидноста може да се набљудува и од поширок аспект, т.е. како ликвидност на пазарот. [[Банка на Англија|Банката на Англија]] има развиено индекс на пазарната ликвидност кој се заснова врз три фактори:<ref>Howard Davies and David Green, ''Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking''. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 91-92.</ref>
* распонот меѓу куповните и продажните цени на [[Државна обврзница|државните обврзници]], [[Девиза (појаснување)|девизните]] договори и [[Акција (финансии)|акциите]] во состав на FTSE 100,
* процена на големината на можните тргувања без да имаат влијание врз пазарните [[Цена (економија)|цени]],