Татковци и деца: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 01:45, 22 јануари 2022

„Татковци и деца“ (руски: Отцы и дети) — роман на рускиот писател Иван Тургенев од 1862 година.

Содржина

Романот се состои од 28 глави:

  • Глава 1 - 9. Николај Петрович Кирсанов е земјопоседник од малото руско село Мариино, на возраст од четириесет и неколку години. Тој е вдовец и син на поранешен генерал. Тој го очекува пристигнувањето на синот Аркадиј, кој треба да дојде во посета на родниот дом. Аркадиј пристигнува во друштво со својот пријател Евгениј Базаров. По пристнувањето во родната куќа, Аркадиј дознава дека татко му живее во вонбрачна врска со младата Феодосија со која има мало дете. Во домот на Кирсанови живее и брат му на Николај, Павле Петрович, кому воопшто не му се допаѓа Базаров поради неговито нихилизам. Аркадиј му ја раскажува на Базаров животната приказна на чичко му Павле: Во младоста, тој бил убавец и омилен кај жените, редовен посетител на забавите и офицер кого го чекала успешна кариера. Павле се вљубил во кнегината Р. која била светска дама, но во основа, несреќна жена. Павле успеал да ја освои кнегината Р., но по некое време, таа го напуштила и заминала во странство. Павле заминал по неа и живеел во странство во текот на четири години, а по конечната разделба, тој се вратил во Русија. Таму, тој живеел несреќен живот, а подоцна дознал дека кнегината умрела. По некое време, тој се преселил на имотот на својот брат каде живеел повлечен живот.[1]
  • Глава 10 - 18: Во една прилика доаѓа до остра препирка меѓу Павле, од една страна, и Базаров и Аркадиј, од друга страна. Павле верува во традиционалните вредности, додека Аркадиј и Базаров ги осудуваат заостанатите сфаќања на руската аристократија и на селанството. Истовремено, и Николај Кирсанов сфаќа дека неговиот син полека се оддалечува од него. Аркадиј и Базаров заминуваат во блискиот град, каде минуваат неколку дена при што посетуваат повеќе луѓе, а на еден бал ја запознаваат убавата и млада вдовица Ана Одинцова. Тие ја посетуваат Одинцова на нејзиниот имот и таму минуваат околу 15 дена при што Аркадиј се вљубува во неа, таа се вљубува во Базаров, а има посебни чувства кон неа. Ана и Базаров често се заедно, а за тоа време, Аркадиј се дружи со помалата сестра на Ана, Катарина. [2]

Осврт кон делото

Наводи

  1. И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 7-53.
  2. И. С. Тургењев, Оцеви и деца. Београд: Просвета, 1961, стр. 53-117.