Премиер лига на Англија 2001-2002: Разлика помеѓу преработките

с
сНема опис на уредувањето
 
==Настани==
Првото издание на Премиер лигата спонзорирано од [[Барклис,]] донело отворена борба за титулата како никогаш порано,<ref name="prm">[http://www.premierleague.com/page/2001/02Season Резиме на сезоната] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20081104122510/http://www.premierleague.com/page/2001/02Season |date=4 ноември 2008 }} Премиер лига на Англија 2001-2002, на [http://www.premierleague.com/ официјалниот сајт]</ref> а потстрек повеќе затоа бил и фактот што лигата ја надминала германската [[Бундеслигата]] на рангирањето на УЕФА и добила уште едно место во [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] (4 места наместо досегашните 3). Цели шест екипи се нашле во отворена битка за титулата, се до неколку кола пред крајот.
 
После првите три кола, единствената екипа со максимален учинок во лигата била [[ФК Болтон Вондерерс|Болтон Вондерерс]]. Тие го држеле првото место до петтото коло, кога после поразот на домашен терен од [[ФК Саутхемптон|Саутхемптон]] (кои во тој натпревар ги освоиле своите први бодови во сезоната) им дозволиле на [[ФК Њукасл Јунајтед|Њукасл Јунајтед]] и [[ФК Лидс Јунајтед|Лидс Јунајтед]] да ги престигнат и да го преземат врвот. Во осмото коло е виден еден од најзаборавните натпревари и пресврти во историјата на Премиер лигата, во натпреварот помеѓу [[ФК Тотенхем Хотспар|Тотенхем]] и [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]]: домаќините воделе со 3-0 на полувремето, но ''Црвените ѓаволи'' не се откажале и со пет голови во второто полувреме во мрежата на ''Спарс'' успеале да се вратат и да забележат победа од 3-5. Успехот ги донел до второто место на табелата со еднаков број на бодови со [[ФК Арсенал|Арсенал]] и три бода помалку од лидерот Лидс Јунајтед. Лидс останале лидери до 14-тото коло, кога нивниот киск и ремито 1-1 на домашен терен со [[ФК Астон Вила|Астон Вила]], го искористил [[ФК Ливерпул|Ливерпул]] за да изедначи со нив на врвот. Истото коло донело и пресметка во [[Лондон]] помеѓу двете екипи кои доминирале во англискиот фудбал во последните неколку години, Арсенал и Манчестер Јунајтед; иако губеле на полувремето со 1-0, ''топчиите'' успеале да направат целосен пресврт во второто полувреме и со головите на [[Фредрик Јунгберг]] и два на [[Тјери Анри]] да го победат лутиот ривал. Во следното коло, новото реми на Лидс и победата на Ливерпул им овозможува на ''црвените'' на [[Жерар Улије]] да останат осамен лидер на табелата по 15 кола, со два бода повеќе од ''белите'', три од Њукасл Јунајтед и четири од Арсенал. Манчестер Јунајтед после уште еден тежок пораз, овојпат на домашен терен со 0-3 од [[ФК Челси|Челси]] се чини се повеќе заостанува во борбата за титулата и ќе му биде многу тешко да го одбрани насловот освоен во претходната сезона. За време на ''Boxing Day'', Ливерпул влегува во криза, а првенството добива нов лидер, Њукасл Јунајтед. На половина од првенството, токму тие останале во водство, но по поразот во последното коло играно во 2001 година од Челси, по 20 кола заедно со нив на врвот на табелата се изедначил Арсенал. Зад водечкиот тандем се наоѓале Лидс на -1, Ливерпул на -2, Манчестер Јунајтед на -3 и Челси на -6. На дното на табелата исто така се водела голема битка: [[ФК Дарби Каунти|Дарби]], [[ФК Ипсвич Таун|Ипсвич]] и [[ФК Лестер Сити|Лестер]] биле трите клуба во зоната за испаѓање, додека пред нив со три бода повеќе биле Саутхемтпон, [[ФК Мидлсбро|Мидлсбро]], Болтон и [[ФК Блекбурн Роверс|Блекбурн]].