Премиер лига на Англија 2001-2002: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 58:
Првото издание на Премиер лигата спонзорирано од [[Барклис,]] донело отворена борба за титулата како никогаш порано,<ref name="prm">[http://www.premierleague.com/page/2001/02Season Резиме на сезоната] {{webarchive|url=https://web.archive.org/web/20081104122510/http://www.premierleague.com/page/2001/02Season |date=4 ноември 2008 }} Премиер лига на Англија 2001-2002, на [http://www.premierleague.com/ официјалниот сајт]</ref> а потстрек повеќе затоа бил и фактот што лигата ја надминала германската [[Бундеслигата]] на рангирањето на УЕФА и добила уште едно место во [[УЕФА Лига на шампиони|Лигата на шампионите]] (4 места наместо досегашните 3). Цели шест екипи се нашле во отворена битка за титулата, се до неколку пред крајот.
 
После првите три кола, единствената екипа со максимален учинок во лигата била [[ФК Болтон Вондерерс|Болтон Вондерерс]]. Тие го држеле првото место до петтото коло, кога после поразот на домашен терен од [[ФК Саутхемптон|Саутхемптон]] (кои во тој натпревар ги освоиле своите први бодови во сезоната) им дозволиле на [[ФК Њукасл Јунајтед|Њукасл Јунајтед]] и [[ФК Лидс Јунајтед|Лидс Јунајтед]] да ги престигнат и да го преземат врвот. Во осмото коло е виден еден од најзаборавните натпревари и пресврти во историјата на Премиер лигата, во натпреварот помеѓу [[ФК Тотенхем Хотспар|Тотенхем]] и [[ФК Манчестер Јунајтед|Манчестер Јунајтед]]: домаќините воделе со 3-0 на полувремето, но ''Црвените ѓаволи'' не се откажале и со пет голови во второто полувреме во мрежата на ''Спарс'' успеале да се вратат и да забележат победа од 3-5. Успехот ги донел до второто место на табелата со еднаков број на бодови со [[ФК Арсенал|Арсенал]] и три бода помалку од лидерот Лидс Јунајтед. Лидс останале лидери до 14-тото коло, кога нивниот киск и ремито 1-1 на домашен терен со [[ФК Астон Вила|Астон Вила]], го искористил [[ФК Ливерпул|Ливерпул]] за да изедначи со нив на врвот. Истото коло донело и пресметка во [[Лондон]] помеѓу двете екипи кои доминирале во англискиот фудбал во последните неколку години, Арсенал и Манчестер Јунајтед; иако губеле на полувремето со 1-0, ''топчиите'' успеале да направат целосен пресврт во второто полувреме и со головите на [[Фредрик Јунгберг]] и два на [[Тјери Анри]] да го победат лутиот ривал. Во следното коло, новото реми на Лидс и победата на Ливерпул им овозможува на ''црвените'' на [[Жерар Улије]] да останат осамен лидер на табелата по 15 кола, со два бода повеќе од ''белите'', три од Њукасл Јунајтед и четири од Арсенал. Манчестер Јунајтед после уште еден тежок пораз, овојпат на домашен терен со 0-3 од [[ФК Челси|Челси]] се чини се повеќе заостанува во борбата за титулата и ќе му биде многу тешко да го одбрани насловот освоен во претходната сезона. За време на ''Boxing Day'', Ливерпул влегува во криза, а првенството добива нов лидер, Њукасл Јунајтед. На половина од првенството, токму тие останале во водство, но по поразот во последното коло играно во 2001 година од Челси, по 20 кола заедно со нив на врвот на табелата се изедначил Арсенал. Зад водечкиот тандем се наоѓале Лидс на -1, Ливерпул на -2, Манчестер Јунајтед на -3 и Челси на -6. На дното на табелата исто така се водела голема битка: [[ФК Дарби Каунти|Дарби]], [[ФК Ипсвич Таун|Ипсвич]] и [[ФК Лестер Сити|Лестер]] биле трите клуба во зоната за испаѓање, додека пред нив со три бода повеќе биле Саутхемтпон, [[ФК Мидлсбро|Мидлсбро]], Болтон и [[ФК Блекбурн Роверс|Блекбурн]].
 
На почетокот на 2002 година, трката за титулата останала широко отворена, со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед како најсериозни кандидати, а од позадина демнеле Ливерпул и Челси. Во 23-тото коло, Манчестер Јунајтед за првпат излегол на чело на табелата со бод повеќе од Арсенал. Кризата е се повоочлива во редовите на Лидс кој на почетокот на февруари веќе заостанале со повеќе од 10 бодови зад лидерот. Како одминувало времето се подалеку од битката за титулата останале и Њукасл Јунајтед и Челси, кои не можеле да го следат темпото кое го наметнале Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул. Јунајтед останале лидери се до 30-тото коло, кога по неочекуваниот кикс и поразот на домашен терен со 1-0 му ја предале лидерската позиција на Арсенал. Тоа значело и крај на нивните шампионски амбиции затоа што ''топџиите'' од тој момент не го испуштиле водството и го завршиле шампионатот со импресивна низа од 13 победи. За да биде се уште подобро за Арсенал и нивните навивачи, титулата била математички потврдена на едно коло пред крајот, кога на [[Олд Трафорд]] тие го совладале токму својот главен конкурент за титулата со 1-0 благодарение на голот на [[Силван Вилтор]]. Поразот на ''Црвените ѓаволи'' освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. На крајот Арсенал прв со седум бода пред Ливерпул и тие заедно со третиот Манчестер Јунајтед и четвртиот Њукасл Јунајтед се пласирале во Лигата на шампионите, додека Лидс Јунајтед и Челси како петти односно шестти избориле пласман во Купот на УЕФА. На другиот крај од табелата во понизок ранг се преселиле Ипсвич, Дарби и Лестер Сити, како трите последнопласирани екипи.
 
==Екипи==