3.174
уредувања
(→top: Исправена грешка при пишување) Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид |
сНема опис на уредувањето |
||
=== ЈНА (1965–1992) ===
Воената кариера ја започнал во 1965 година како командир на вод во 4. оклопна бригада во [[Јастребарско]], [[СР Хрватска]] со офицерски чин потпоручник. Петровски најголемиот дел од својата воена кариера го поминал во Јастребарско, од 1965 до 1976 година. Во 1968 година бил одликуван со Орден за воени заслуги со сребрени мечеви, а следната 1969 година бил унапреден во чин поручник. Од 1969 до 1970 година бил командир на чета. Од 1970 до 1971 година бил заменик командант на баталјон
Во 1976 година завршил Командно-штабна академија и бил преместен во [[Прилеп]], каде што бил помошник на началник на штаб за оперативно-наставни работи. Во 1977 година бил вонредно унапреден во чин мајор. Во 1981 година бил преместен во [[Велес]], каде што бил заменик командант на 212. механизирана бригада, како и началник на штаб на бригадата. Во 1982 година бил унапреден во чин потполковник и одликуван со Орден на трудот со сребрен венец. Откако ја завршил Школата за национална одбрана во Белград, во 1986 година бил вонредно унапреден во чин полковник и бил преместен во [[Приштина]], каде што бил командант на 15. механизирана бригада.
|