Герард Меркатор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
== Биографија и работа ==
 
Герард Меркатор е роден како '''Герт Кремер''' или '''Жерард де Кремер''' во фламанскиот град Рупелмонд. Неговото презиме ''Меркатор'' по коешто е познат, всушност е [[латинизација]] на неговото родно презиме што значи [[трговец]]. Се школувал во [[Ден Бош]] кај познатиот холандски [[хуманист]] [[Макропедиј]] на [[Левенски универзитет|ЛевенЛевенскиот универзитетотуниверзитет]]. Пред да се прослави како картограф единствен приход на Меркатор била работата како [[занаетчија]] со математички инструменти. Потоа тој се преселил во [[Левен]] каде што започнал да работи со [[Жема Фрисиј]] и [[Гаспар Мирика]]. Со нив работел од [[1535]] до [[1536]] на изработка на [[глобус]]. Во проектот тој немал улога на картограф, но сепак успеал да се наметне со своите способности. Во [[1537]] година тој нацртал географска карта на [[Палестина]], а потоа во [[1538]] на светот, а во [[1540]] и географска карта на [[Фландрија]]. За време на овој негов труд тој проучувал и една италјанска скрипта во која се содржани некои техники на копирање и цртање на географски карти.
 
[[Податотека: MercatormapFullEurope16thcentury.jpg|thumb|left|300px|Географска карта на [[Европа]] изработена од Меркатор]]
Во [[1544]] се активирал како симпатизер на [[Протестантствопротестантство]]то, па бил затворен и одлежал казна затвор од 7 месеци.
 
Во [[1552]] се преселил во [[Дујсбург]] каде што отворил картографска работилница. Во [[1554]] почнал да изработува шест плочи со географски карти на [[Европа]]. Неговите мотиви од Дујсбург не се потполно јасни. Меркатор можеби ја напуштил [[Холандија]] каде што претходно студирал и работел поради религиозни причини, но и со цел да најде универзитет каде што може да се вработи. Тој предавал математика во академското училиште во Дујсбург.