Преспав: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
}}
 
'''''Преспав''''' — македонска [[ситуациска комедија]] со елементи на [[сатира]] и [[магичен реализам]] во режија на [[Игор Иванов]] и по сценарио на [[Елеонора Венинова]] и [[Сашо Кокаланов]]. Во периодот од 31 октомври 2016 до 18 јануари 2022 година биле прикажани вкупно шест сезони — првата сезона на [[Телма|ТВ Телма]],<ref name="либертас">„[http://www.libertas.mk/video-prespav-nova-makedonska-tv-serija-od-ponedelnik-na-telma/ ВИДЕО: „Преспав" - нова македонска тв серија од понеделник на Телма] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20170102110822/http://www.libertas.mk/video-prespav-nova-makedonska-tv-serija-od-ponedelnik-na-telma/ |date=2017-01-02 }}“. ''Либертас''. 27 октомври 2016.</ref> втората на [[24 Вести|Телевизија 24]],<ref>„[https://faktor.mk/gledajte-ja-prespav-na-tv-24-vo-19-chasot Гледајте ја Преспав на ТВ 24 во 19 часот]“. ''Фактор''. 26 декември 2017.</ref> а од третата до шестата на [[МРТ 1]].<ref>М., Н.. „[https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%B2-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D1%80%D1%821/ „Преспав“ се сели на МРТ1]“. ''[[Нова Македонија]]''. 7 септември 2018.</ref> На 26 април 2020 година, доброволно била снимена и прикажана вонредна епизода посветена на [[Пандемија на коронавирус 2019-2020|Пандемијата на коронавирус]], а средствата собрани од маркетинг било најавено дека ќе бидат уплатени во Фондот за борба против КОВИД-19.<ref name="независен-2020"/>
 
Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во [[Преспа|Преспанскиот Регион]], благодарение на средствата добиени од фондовите на [[Европска Унија|Европската Унија]]. Пансионот „Преспав“ е [[метафора]] на реалните општествени случувања во [[Македонија]] во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт и нова разрешница.<ref name="либертас"/>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Преспав