Катица Ќулавкова: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отповикани уредувањата на ИБАБАНЧО (разговор), враќајќи на последната преработка на MacedonianBoy
Ознака: Отповикување
Ознаки: Отповикано Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 25:
Била член на издавачкиот одбор и на одборот за електронско издаваштво при Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, и член на Одборот за родови студии при „Евро-Балкан“. Била член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Р. Македонија, член на редакциите на списанијата „Разгледи“, „Спектар“, ''Identities/Идентитети'' и др. Била и главен уредник на списанието ''Прилози'' за лингвистика и литературна наука при [[МАНУ]]. Таа е основач на електронското списание за компаративни студии ''Mirage/Мираж'' при Катедрата за општа и компаративна книжевност, како и на меѓународнaта колекција ''Diversity/Разноликост''.
 
Таа повремено преведува текстови (есеи и поезија) од француски и од српски/хрватски јазик.  Своите текстови во оригинал ги пишува на пишува на [[македонски диалект на бугарскиjот јазик]].
 
Во 1982 година, Ќулавкова е избрана за асистент при Институтот за литература (сега Институт за македонска книжевност) на Филолошкиот факултет на [[Универзитет „Св. Кирил и Методиј“|Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]]. По докторирањето, во 1987 г. се префрла во наставна дејност на Катедрата за општа и компаративна книжевност при [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот факултет „Блаже Конески“]] во Скопје, каде што најпрвин е избрана во звањето доцент, потем во звањето вонреден професор, а од 1997 година во звањето редовен професор по предметите Теорија на книжевноста, Методологија на проучувањето на книжевноста, Книжевна херменевтика и Креативно пишување.