3.174
уредувања
Нема опис на уредувањето |
с (→Позадина) |
||
Една од републиките на [[СФР Југославија]] кои се [[Распад на СФРЈ|осамостоиле]] била и [[СР Македонија|Република Македонија]]. Третирајќи го како иредентистичко прашање, [[Република Грција]] ја спорела употребата на името Македонија од страна на [[Република Македонија]], а биле вклучени и некои други идентитетски прашања. Разни чекори на властите во Република Грција и Република Македонија довеле до продлабочување на спорот меѓу двете земји, кој траел речиси три децении.<ref>[https://www.mfa.gr/en/fyrom-name-issue/ FYROM Name Issue], Hellenic Republic, Ministry of Foreign Affairs</ref>
Република Македонија била примена како земја-членка на [[Обединетите нации]] на 8 април 1993 година, но не под уставното име туку под привремената референца
Одредени чекори преземени од владите на двете држави влијаеле на влошувањето на односите меѓу двете земји. Владата предводена од [[Никола Груевски]], избрана во декември 2006 година, водела политики кои се објаснуваат со терминот „[https://en.wikipedia.org/wiki/Antiquization антиквизација]“, така што го сменила името на аеродромот во главниот град [[Скопје]] во [[Меѓународен аеродром Скопје|Аеродром „Александар Велики“]], а во рамките на проектот „[[Скопје 2014]]“ на [[Плоштад Македонија|плоштадот „Македонија“]] во Скопје бил поставен споменикот „[[Воин на коњ (Скопје)|Воин на коњ]]“, висок 14,5 метри, којшто го претставува античкиот крал [[Александар Македонски]]. Сепак, новата [[Прва влада на Зоран Заев|влада на Република Македонија од 2017 година]], на чело со [[Зоран Заев]], покажала подготвеност да ги реши разликите со Република Грција и да ги подобри односите меѓу двете земји.
|