Бено Русо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
== Животопис ==
Роден е на 20 јануари 1920 година во Битола, како второ од трите деца на Исак и Вида (моминско презиме Леви). Неговиот постар брат Дарио е роден во 1916 година, а неговиот помлад брат Алберт во 1924 година. Основно училиште завршил во родниот град. Веднаш штом завршил основно училиште, неговиот постар брат Дарио го вклучил заедно со неговиот помлад брат Алберт во гранката на [[Хашомер Хацаир]] во Битола.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://holocaustfund.org.mk/posts/details/141|title=Бенјамин Бено Русо (Коки)|work=Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија|language=|accessdate=}}</ref> Се запишал во гимназија во Битола, но не ја завршил, туку почнал да работи во работилница, каде што поправал пушки и секакви машини. Следејќи ги стапките на својот постар брат, во две наврати се обидел да се запише во воено училиште, но бил одбиен поради дефект на окото.
=== Рани години ===
Бенјамин Бено Русо е роден на 20 јануари 1920 година во [[Битола]], како второ дете на Исак Бенјамин Русо и Вида Русо (моминско Леви). Основно училиште завршил во еврејското маало Табане во Битола. Потоа се запишал во гимназијата во Битола, но подоцна ја напуштил и почнал да работи во механичарска работилница.<ref>{{Наведена книга|title=Воени генерали од Македонија (1943–2017)|last=Стојановски|first=Мирослав|last2=Стојаноски|first2=Борис|publisher=Клуб на генерали на Република Македонија|year=2017|editor-last=Стојановски|editor-first=Мирослав|edition=второ|location=Скопје|pages=292}}</ref> Од рана возраст бил вклучен во канот на еврејската младинска левичарска организација [[Хашомер Хацаир]] во Битола. Следејќи ги стапките на својот постар брат Дарио, имал два неуспешни обиди да се запише во воено училиште. Татко му починал во 1937 година. Тогаш Бено ја напуштил Битола и отишол кај својот братучед Моис Леви во Загреб. Таму бил испратен од Хашомер Хацаир во пионерски камп во Нови Сад. Во 1939 година заминал на отслужување воен рок. Капитулацијата на Кралството Југославија го затекнала во Сараево, по што се вратил во Битола.
 
== Наводи ==