Ала: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.8
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Anvil shaped cumulus panorama.jpg|thumb|300px|За земјоделците, алата претставувала [[демон]] кој носи невреме и град над нивите и ги уништува плодовите.]]
 
'''Ала''' или '''хала''' (множина: ''али'', ''але'' или ''хали'') е [[мит]]ско суштество кое се јавува во [[БугаријаМакедонија|бугарскиотмакедонскиот]], [[МакедонијаСрбија|македонскиотсрпскиот]] и [[СрбијаБугарија|српскиотбугарскиот]] [[фолклор]]. Алите се сметаат за [[демон]]и на невремето чија главна цел е да ги водат облаците што носат град кон нивите, [[лозарство|лозјата]] или овоштарниците со цел да ги уништат или украдат плодовите. Алите се мошне алчни и особено сакаат да јадат деца, иако нивната лакомост не е ограничена само на земјата. Се верува дека со нивните обиди да ги изедат [[сонце]]то и [[месечина]]та го предизвикуваат затемнувањето на овие небесни тела. Доколку успеат, тоа би значело крај на светот. Кога човек ќе се сретне со алата, неговото ментално или физичко здравје, па дури и животот му е изложен на опасност. Меѓутоа, човекот може да ја добие нејзината благонаклоност доколку ѝ пристапи со почит и доверба. Добрите односи со алата се навистина корисни, бидејќи таа ги збогатува нејзините љубимци и им помага кога се во неволја.
 
На некои места од фолклорните записи алите се често нејасно опишани и постојат доста разлики во описите. Алата може да е претставена како црн ветер, огромно суштество со неодреден облик, [[чудовиште]] со огромна уста во облик на човек или [[змија]], жена-[[змеј]], гавран, итн. Во одредени описи, алите можат да се преобразат во човек или животно, па можат дури и да го опседнат човековото тело. Овие разлики најверојатно се должат на фактот дека алата е синтеза помеѓу словенскиот [[демон]] на невремето и сличен демон на пред-словенското население кое живеело во централниот дел на [[Балкан]]от.<ref name="zecevic">Slobodan Zečević: „Ala“ од „Mitska bića srpskih predanja“, Vuk Karadžić, Etnografski muzej, 1981, Beograd, ISBN 0585043450.</ref> Во народните приказни кадешто алата е претставена како човек, нејзината личност е неверојатно слична на руската [[Баба Јага]]. Се смета дека алите живеат во облаците или пак во езерата, изворите, таинствените далечни места, шумите, ненаселените планински места, пештерите или големите дрва.<ref name=zornitsa1>Милена Беновска-Събкова: [http://detsata.zornitsa.com/?p=21 „Хала и Ламя“] {{Семарх|url=https://web.archive.org/web/20180617165638/http://detsata.zornitsa.com/?p=21 |date=2018-06-17 }}, Детски танцов ансамбъл „Зорница”.</ref> Алите често се непријатели со луѓето, но и тие имаат моќни непријатели кои можат да ги уништат, а тоа се пред сè змејовите. Во приказните со [[христијанство|христијанско]] влијание, [[Свети Илија|Св. Илија]] ѝ е непријател на алата. Меѓутоа, според некои верувања, св. Илија и змејот заедно се борат против алата. Орлите исто така се сметаат за заштитници од алите. Тие ги бркаат од нивите, со што го спречуваат уништувањето на плодовите.
 
== Потекло ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ала