Разбој: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
поврзница
Ред 4:
 
== Конструкција на рачен разбој ==
Рачниот, за домашна употреба, разбој е дрвена конструкција во облик на паралелограм. На двата краја на овој костур се поставуваат два масивни цилиндри т.н. „[[кросно (разбој)|кросна]]“ или „вратила“ – едниот за намотаната основа и вториот за навивање на исткаениот материјал после процесот на ткаење. Бидејќи во процесот на ткаење нишките треба да бидат добро затегнати и двете кросна имаат можност да се вртат околу своите оски со што се постигнува добра затегнатост на нишките од основата. Секоја од намотаните нишки потоа минува низ т.н. „[[ништи (ткаење)|ништи]]“ или „ништелки“. Тие се најмалку две, но може да бидат и повеќе. „Ништите“ се поместуваат горе-долу преку „чкрипци“ со нагазување на „подношките“. Така два соседни конци во „ништите“ имаат различна положба, едниот е горе, а другиот долу. Непосредно до ништите во насока на ткајачката се наоѓаат т.н. „[[брдило (разбој)|брдила]]“ или „набрдилa“. Тоа претставува масивна дрвена рамка со вметнато „[[брдо (ткаење)|брдо]]“ (решетка од цврсто поставени тенки стапчиња од трска). Нишките од основата се поставуваат во отворите на брдото. Со „[[совалка]]та“ се вметнува преѓа меѓу нишките од основата, потоа се менува положбата на ништите (тие што биле долу одат горе, и обратно) и со брдилото се натиснува ткаеното. На крајот исткаеното се навива на второто кросно.
 
<gallery>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Разбој