Наоми Осака: Разлика помеѓу преработките

јапонска тенисерка
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
(нема разлика)

Преработка од 18:26, 16 јануари 2022

Наоми Осака (родена на 16 октомври 1997 г. во Осака, Јапонија) — јапонска професионална тенисерка.

Наоми Осака
Наоми Осака на Отвореното првенство на САД во 2020 година
Земја Јапонија
Место на живеењеБеверли Хилс, Калифорнија, САД
Роден на16 октомври 1997(1997-10-16)(26 г.)
Роден воОсака, Јапонија
Спорт Тенис
Висина1.80 м
Професионалецсептември 2013
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Вим Фисет (2020–)
Заработка$ 20,086,556
Веб-сајтnaomiosaka.com
Поединечно
Победи-порази254–139
Титули7
Највисок пласманБр. 1 (28 јануари 2019)
Сегашен пласманБр. 14 (10 јануари 2022)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенП (2019, 2021)
Ролан Гарос3К (2016, 2018, 2019)
Вимблдон3К (2017, 2018)
УС ОпенП (2018, 2020)
Други турнири
ChampionshipsГФ (2018, 2019)
Олимписки игри3К (2020)
Во двојки
Победи-порази2–14
Титули0
Највисок пласманБр. 324 (3 април 2017)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен1К (2017)
Ролан Гарос2К (2016)
Вимблдон1К (2017)
УС Опен1К (2016, 2017)
Ажурирано на: 10 јануари 2022.

Таа е поранешен светски бр. 1 играч и прв азиски играч кој се нашол на првото место на ВТА листата во поединечна конкуренција, како и првиот играч од Јапонија — маж или жена — кој бил рангиран како светски бр. 1 играч.[1] Таа е четирикратна гренд слем шампионка во поединечна конкуренција, со освоени две титули на отвореното првенство на Австралија (2019, 2021) и две титули на отвореното првенство на САД (2018, 2020). Таа е првата тенисерка која успеала да освои два гренд слем турнири едноподруго по Серена Вилијамс во 2015 година.

Родена во Јапонија во семејство на татко хаиќанец и мајка јапонка, Осака живеела и тренирала во САД од својата тригодишна возраст. Таа дошла до израз на 16-годишна возраст кога ја победила поранешната гренд слем шампионка Саманта Стосур на нејзиниот прв настап на ВТА турнирите. Две години подоцна, во 2016 година, таа за прв пат се пласирала во финале на ВТА турнир, и тоа на отвореното првенство на Токио и за прв пат била рангирана во првите 50 играчи на ВТА листата. Осака се пробила во горниот ешалон на женскиот тенис во 2018 година кога ја освоила својата прва ВТА титула на отвореното првенство на Индијан Велс. Подоцна во годината, таа ја победила 23-кратната гренд слем шампионка Серена Вилијамс на отвореното првенство на САД, станувајќи првата јапонска тенисерка која освоила гренд слем титула во поединечна конкуренција. На терен, Осака се одликува со агресивен стил на игра диктиран од основната линија, со силни форхенд удари и сервиси кои може да достигнат брзина од 201 км/ч.

Осака е една од најдобро платените спортисти во светот, и се нашла на 8. место на списокот на спортисти со највисока заработка за 2020 година. Таа исто така била именувана како спортистка со највисока заработка на сите времиња според годишниот приход остварен таа година. Осака се стекнала со значително признание како активист, покажувајќи поддршка за движењето Black Lives Matter (Црните животи се важни) во текот на натпреварите. Таа била именувана во списокот 100 највлијателни луѓе во светот кој го објавува списанието Тајм во 2019 и 2020 година. Покрај тоа, таа ја добила наградата Лауреус за најдобра светска спортистка во 2021 година. На летните олимписки игри 2020 одржани во Токио, таа ја добила честа да го запали олимпискиот оган на свеченото отварање на игрите, со што станала првата тенисерка во историјата со таков подвиг.

Наводи

  1. „Naomi Osaka ascends to No.1“.

Надворешни врски