Ѓорѓи Бојаџиев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Ѓорѓи Бојаџиев е роден на {{роден на|31|март|1950}} година во [[Струмичко Поле|струмичкото]] село [[Ново Село (Струмичко)|Ново Село]]. Во 1973 година ја завршил Воената академија на Копнената војска на ЈНА.
 
Воената кариера во [[ЈНА|Југословенската народна армија]] ја започнал во 1973 година во [[Штип]] како командир на вод со офицерски чин потпоручник. Следната година бил унапреден во чин поручник. Во 1974 година се оженил со сопругата Софија, а следната година им се родил првиот син Илија. Во 1975 година бил преместен во [[Делчево]] и назначен за помошник на командант за морално политичко воспитување. Во 1977 година бил унапреден во чин капетан. Во 1978 година бил назначен за заменик командант на баталјон и бил одликуван со Медал за воени заслуги. Во 1979 година му се родил вториот син Александар. Во 1980 година бил унапреден во чин капетан 1. класа. Од 1981 до 1984 година бил командант на баталјон. Во 1984 година бил преместенповторно бил сместен во Штип, каде што бил назначен за помошник на началник на штаб за пополна и персонални работи, а следната година бил назначен за помошник на началник на штаб за оперативни наставни работи. Во 1985 година бил одликуван со Орден за воени заслуги со сребрени мечеви. Во 1986 година бил унапреден во чин мајор. Од 1989 до 1990 година бил началник на штаб на дивизија. Од 1990 до 1991 година бил помошник на началник на штаб за разузнавачки работи, а од 1991 година повторно за пополна и персонални работи. Во 1991 година бил унапреден во чин потполковник.
 
Во 1992 година, по осамостојувањето на Република Македонија, се формира [[Армијата на Република Македонија]], со која истата година Република Македонија станува воено самостојна. Бојаџиев, како и други припадници на Југословенската народна армија кои потекнувале од Република Македонија, воената кариера ја продолжил во Армијата на Република Македонија.